СветСветот на работникот

Хрватите работат повеќе од Германците и Австријците

Хрватите поминуваат повеќе време на работа неделно од просекот во Европската унија, откриваат новите податоци на Европскиот завод за статистика.

Според Евростат, минатата година луѓето на возраст од 20 до 64 години поминале во просек по 36,1 часа на работа во ЕУ.

Најдолга работна недела е забележана во Грција (39,8 часа), Романија (39,5), Полска (39,3) и Бугарија (39,0). Спротивно на тоа, Холандија имала најкратка работна недела (32,2 часа), по што следат Австрија (33,6) и Германија (34), според Евростат.

Хрватите поминуваат 38,1 час неделно на работа, колку и Словенците. Србите, пак, работат повеќе – дури 41,7 работни часа неделно.

Според податоците за минатата година, според тоа, излегува дека Хрватите работат 12 отсто повеќе од Германците и Норвежаните, 13 отсто повеќе од Австријците и дури 18 отсто повеќе од Холанѓаните, објави даница.хр.