Вести

ХУМАН МАКЕДОНСКИ НАРОДЕ, ДА ДОНИРАМЕ ЗА НАШИОТ КРИСТИЈАН!!!

Кристијан е дете со комбинирани пречки во менталниот и телесниот развој со дијагноза церебрална парализа и епи напади. Решението за неговата болест е пресадување на матични клетки кое може да се изврши во Турција. Сепак, за да може да се оперира, потребни му се финансиски средства.

Редакцијата на порталот Работник ги повикува сите хумани луѓе да донираат колку што можат, за да се соберат потребните пари за нашиот Кико. Македонскиот народ е хуман, па оттаму сме сигурни дека ќе успееме да ги собереме потребните пари и да му помогнеме на Кико да го добие потребното лекување.

Со почит,

Главен и одговорен уредник,

Бобан М. Илијевски