Царовска во Тирана се сретна со пратеникот Стерјовски, претставник на македонската заедница во Албанија
Унапредувањето и интензивирање на веќе воспоставената соработка во областа на образованието на сите нивоа помеѓу Северна Македонија и Албанија беше тема на разговор на средбата на министерката за образование и наука Мила Царовска со пратеникот и претставник на македонската заедница Васил Стерјовски, денес во Тирана .
Со Стерјовски разговаравме за програмите за соработка и за стипендирањето на студентите од македонската заедница во Албанија за студирање во нашата држава.
За студиската 2020/2021 година доделени се вкупно 20 стипендии на студенти од Р. Албанија, кои се со македонско потекло, за студирање на високообразовните институции во Република Северна Македонија.

