МакедонијаПравда

Царовска и Филипче: Стратешкото партнерство со Светска банка продолжува, вложувањето во луѓето е приоритет за државата

   Време за читање помалку од минута

Министрите за образование и наука и за здравство Мила Царовска и Венко Филипче, денес одржаа работен состанок со директорката на Светска Банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер. На состанокот се разговараше за потребата од вложување во луѓето и развој на национална сеопфатна стратегија за човечки капитал, посебно за обезбедување на подобри можности за иднината на најмаргинализираните граѓани.

Тема на разговор на денешниот состанок беше и продолжување и унапредување на соработката на Министерството за образование и наука и Светска банка за реформите во основното образование и  развој на клучните вештини на учениците.