(ВИДЕО) Шахпаска се прогласила за ненадлежна, но им понудила социјална помош на поранешните вработени од „Треска“
Поранешните вработени во „Треска“ денеска излегоа на протест пред Министерството за труд и социјална политика.
Виолета Атанасиева, една од поранешните вработени во „Треска“. рече дека се собрале пред министерството за да го покажат својот револт.
„За 15 години стечај не ни е исплатена уште една и пол година од стажот и 24 плати. Тие 24 плати за 526 луѓе, по 200 евра се 2 и пол милиони евра. Јас мислам дека за толку пари можат да најадат, бидејќи наштео пространство во фабриката од 66 илјади метри квадрати беше огромно во центарот на Скопје, а сега испаѓа дека не можат година и пол од стажот и 24 плати не можат да исплатат“, рече Атанасиева.
Таа нагласи дека тие ништо повеќе не бараат од тоа што им следува.
Бобан Кочовски, од Централниот Комитет на Левица рече дека тука се за да го поддржат мирниот протест на работнциите од АД „Треска“ – Скопје, а воедно и да го упатат барањето за заостанатиот стаж и плати кои со години не се исплатени.
„Долги години од власитите се манипулирани и се оставени сами на себе. Ние како Левица им понудивмне одредени услуги, во смисла на адвокатски советувања, кај наши блиски адвокати коишто веруваме дека ќе ја завршат работата како што треба. Ако е потребно ќе го тераме и во Стразбур“, рече Кочовски
Истакна дека тие како патија можат да помогнат и преку носење на закон за материјално обештетување во Собранието. Рече дека реалноста е дека имаат мал број на пратеници, но смета дека ќе најдат интерес и кај другите пратеници да се реши овој проблем.
Имено, Министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска ги прими поранешните вработени во „Треска“, а според Кочовски на состанокот таа се прогласила за ненадлежна, но им понудила социјална помош, но одбила да каже кога би им се дала истата. Кочовски, како што вели, и предложил да воведат закон за материјално обештетување, но таа не прифатила и им рекла да се обратат до Министерство за финансии и Владата.

