Цените на нафтата на светските пазари бележат нов раст
Цените на нафтата на светските пазари бележат нов раст, откако ескалацијата на политичките тензии меѓу САД и Иран повторно ја потресе енергетската сцена.
На меѓународните берзи, референтната сурова нафта од типот Брент се искачи над 103 долари за барел, поттикната од информации дека американските сили пресретнале неколку ирански нафтени танкери во водите на Азија. Овие случувања дополнително ја зголемија неизвесноста кај инвеститорите и ги засилија стравувањата од продолжен конфликт на Блискиот Исток.
Според најновите податоци од тргувањето, цената на суровата нафта пораснала за околу 1,3%, достигнувајќи 94,21 долари за барел, додека Брент бележи раст од приближно 1,4% и се движи на ниво од 103,30 долари.
Истовремено, на европските пазари за енергенси, фјучерсите за природен гас за месец мај на берзата TTF во Амстердам се тргувале по цена од околу 44,11 евра за мегават-час, што укажува на зголемена волатилност и во енергетскиот сектор во Европа.

