Шаќири-Улман: Соработка насочена кон образување стручен кадар баран на пазарот на труд
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска се сретна денес со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација, Вероник Улман.
Шаќири изрази задоволство од соработката на Република Северна Македонија и Швајцарија во областа на образованието и нагласи дека ја цени помошта во креирањето нови образовни политики за унапредување на средното стручно образование.
Посебно е значајна соработката во реализирањето на социјалните дијалози „Учи паметно, работи стручно“, што веќе втора година се организираат во партнерство со проектот E4E@mk, локалните самоуправи, бизнис заедницата и стручните училишта.
Министерот Шаќири посочи дека заедничка цел на сите е да се креира квалификуван и стручен кадар кој ќе одговара на потребите на пазарот на трудот како и да се зголеми вработливоста на младите.
Амбасадорката Улман изрази уверување дека соработката ќе продолжи и ќе се интензивира, со цел натамошно зацврстување на довербата меѓу релевантните чинители и ќе им овозможи на младите да стекнат знаења, вештини и искуство со кои полесно ќе се вклучат во современите текови.

