Шеф нуди плата од 5.000 евра – позицијата е отворена, но сите одбиваат, им било малку
И покрај тоа што платите во одредени сектори се високи, работодавачите сè потешко наоѓаат квалификувани работници. Дури и износи кои далеку го надминуваат просекот не гарантираат дека ќе се најдат вистинските кандидати.
Мануел Лоу-Бер (35), основач и директор на фирмата за сајбер безбедност Spixnet, го опиша своето искуство со недостигот на стручни кадри.
„Бараме два до три добри програмери, по можност за работа од дома. Секако, добро е ако кандидатите имаат завршени студии по информатика, но тоа не е апсолутно неопходно“, изјави тој за австрискиот весник Heute.
Кандидати имало, а според Лоу-Бер, и платата е повеќе од привлечна. „Нудиме над 5.000 евра месечно“, вели тој. Сепак, на некои ни тоа не им е доволно, пишува Kurir.
„Студент кој штотуку завршил факултет ми рече: ‘Нема ни да почнам за помалку од 70.000 евра годишно. Всушност, сакам 105.000 евра’. Но, компанијата прво мора да може да си го дозволи тоа. Стартап не е голема корпорација“, додава Лоу-Бер.
Најголемиот проблем, според него, е квалитетот на кандидатите.
„Деведесет проценти користат само ChatGPT. Нам ни се потребни програмери кои навистина знаат да програмираат. Порано програмерите работеа на задачи, пребаруваа софтверски библиотеки, интерпретираа, прилагодуваа и унапредуваа кодви. Денес речиси сите користат само ChatGPT и слични алатки, што доведува до многу слаб код“, објаснува тој.
Затоа бараат кандидати кои се вешти во програмски јазици како Java и Python, кои знаат да работат со векторски бази на податоци и правилно да конфигурираат сервер. Според него, речиси никој повеќе не го знае тоа.
Лоу-Бер потенцира дека работата во Spixnet е разновидна и интересна. Компанијата, на пример, нуди специјализирани решенија за безбедност на електронска пошта.
„Неделава добивме финансирање за истражувачки проект во областа на енкрипција за заштита од квантна декрипција, во износ од еден милион евра“, заклучи тој.
Извор: bizportal.rs

