Шилегов ги оставил вработените во градските претпријатија без плата?
Петре Шилегов си заминал од функцијата градоначалник на Град Скопје, без да ги потпише решенијата за субвенционирање на платите во градските јавни претпријатија, брифираaт извори од општинската администрација, објавува „Фактор“.
Шилегов го остави градот во хаос, а вработените во јавните претпријатија под Град Скопје без плати. Петре Шилегов, претходниот градоначалник на Град Скопје, си заминал од функцијата оставајќи го градот во тотален хаос. Наши извори брифираат дека Шилегов го напуштил кабинетот без да ги заврши постапките за субвенции за плата за вработените во јавните пријатија што се под Град Скопје, а истите јавни претпријатија поради лошо менаџирање, за само четири години ги направил загубари, реагираат од таму.

