Останато

Што ако останете без работа? Следете ги овие 4 правила

Отпуштања се случуваа насекаде, па и во компаниите кои работат со добивка, т.е. многу се успешни и профитабилни.

Од друга страна, таа „појава“ донекаде изостанала во последните две години, бидејќи мерките на стимулација ги насочувале парите во економијата, а компаниите се бореле да ги зачуваат вработените, но и да вработат нови, пишува Telegraf Biznis.rs.

Меѓутоа, започнуваат да се јавуваат пукнатини. Растечката инфлација ги јаде поторшувачите, како и работодавачите. Иако, севкупно, пазарот на труд и понатаму изгледа силно, американските компании минатиот месец, од почетокот на заздравувањето од пандемијата, отвориле најмал број на работни места. Особено се погодени малите компании, кои укинуваат 91,000 работни места.

Во меѓувреме, технолошките компании како што Твитер и Мајкрософт го забавуваат вработувањето или воведуваат „замрзнување“. Ако сте еден од работниците кој, за жал, останал без работа, првиот совет на експертите е тоа да не го сфаќате лично. Еве уште неколку совети, од што да се започне.

  1. Организирајте ги финансиите, односно анализирајте го својот буџет. Елиминирајте ги непотребните трошоци, направите список на фиксни расходи и трудете се да не се задолжувате многу, се додека „повторно не застанете на нозе“. 
  2. Земете си го потребното време. На пример, LinkedIn сега ја нуди опцијата „career break“, со 13 опции кои го објаснуваат јазот во кариерата. Експертите на пауза од тој вид повеќе не гледаат негативно како претходно: некој паузирал поради родителство, некој поради усовршување или едноставно одмор. „Наполнете ги батериите“ пред да се впуштите во нов предизвик.
  3. Сепак, не чекајте предолго. Можеби не постои точен период, односно дефиниција за тоа колку е „тоа долго“, но секако се очекува да не поминат години. Земете неколку месеци до најмногу една година, а потоа вратете се во игра.
  4. Следете ги пазарот и економијата, односно истражите кои области се бараат. Можеби тоа ќе ве мотивира да запишете некој нов курс или да ја смените кариерната насока. Исто така, следете ги платите и работните услови во рамките на својата област.

 

Фото: Freepik