Што опфаќа забраната за отказ поради бременост, раѓање и родителство, а што не?
Што опфаќа забраната за отказ поради бременост, раѓање и родителство, а што не?
Законот предвидува заштита одредена заштита кога станува збор за бременост, раѓање и родителство. Жените работнички за време на бременоста, раѓањето и родителство не смеат да бидат отпуштени од работа. Работодавачот не смее да го откаже договорот за вработување на работникот и за време на сместување на дете кај посвоител, отсуство од работа за родителство од страна на татко или посвоител на дете и скратено работно време поради грижа за дете со развојни проблеми и посебни образовни потреби и спреченост за нега на дете до тригодишна возраст.
Отказот на договорот за вработување е ништовен, доколку на денот на врачувањето на отказот работодавачот бил запознаен со овие околности или доколку работникот во рок од 15 дена д врачувањето на отказот го извести работодавачот за постоењето на околностите. Меѓутоа тоа што е особено важно да се знае е дека овие околности нема да го спречат престанокот на договорот за вработување доколку истиот е склучен на определено време, и времето за кое тој договор бил склучен истекло. Истото се однесува и доколку договорот за вработување е откажан поради потешки прекршувања на договорните обврски, односно поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски за кои се дава отказ без отказен рок согласно со закон и колективен договор.
Тимот на Јуридика

