Јануари и февруари се најдобри месеци за вработување: 3 начини да се издвоите од другите
Ако сте заинтересирани за нова работа или напредок во кариерата, сега е време да преземете акција и да започнете да барате работа – бидејќи јануари и февруари се најдобри месеци за вработување.
Но, за да ја промените работата и да се издвоите од другите на конкурсите како потенцијален сериозен кандидат, ќе морате да примените неколку ставки.
Значи, ќе мора да се разликувате од другите кои се пријавиле за истата работа – а тоа можете да го направите на тој начин што ќе обрнете внимание на трендовите кои влијаат на вработувањето.
Посветеност и мотивација
Со сета врева која ја крена тивкото откажување и поголемата желба на вработените да работат што е можно помалку, се одличен начин да се привлече вниманието на работодавачите и да се изјасните за вашата посветеност кон работата, желбата да учествувате и амбицијата.
На интервју за работа потрудете се да зборувате за тоа колку ќе се ангажирате и на кој начин ќе останете мотивирани. Споделете ги своите стратегии за одржување на ентузијазмот во проектите и позитивното влијание на себе, но и на оние околу вас.
Учење и раст
Земајќи ги во предвид последните неколку години, клучниот тренд за вработување е еволуцијата, од една страна на лидерите кои мораат да знаат да ги мотивираат вработените, да управуваат во дух на подобрена благосостојба , како и да се фокусираат на создавање на поените во работата на вработените, а од друга страна на работниците.
Истакнете ја својата заинтересираност за работата, така што ќе истакнете што сте научиле од предизвиците со кои сте се соочиле и како лично сте напредувале. Можеби сте научиле како да бидете попристапни или да барате повратни информации, бидејќи тоа се карактеристики кои за новата работна позиција се важни. Или можеби сте станале поемпатични од што сте биле на почетокот на кариерата.
Работодавачите ќе ги прифатат луѓето кои покажуваат дека постојано учат и растат.
Приспособливост
Уште еден тренд со кои организациите се соочуваат е брзината на приспособување – на новите технологии, иновации и се поголемите барања од купувачите.
Poslodavci će prihvatiti ljude koji pokazuju da stalno uče i rastu.
Компаниите мора да го применат сето ова на почеток, а за да го направат тоа, потребни им се луѓе кои се вешти во управување со промени. Можете да ги искористите разговорите за работа за да покажете колку сте приспособливи и иновативни. Разговарајте за предизвиците со кои сте се соочиле и како сте ги решиле истите преку приспособливост и иновативност. Опишете го времето кога сте морале да покажете отпорност во соочувањето со потешкотии и како сте ги изградиле вашите „деловни мускули“ во променливиот свет.
Исто така, и технологијата се вклопува во оваа категорија. Како што се развива технологијата, секогаш се познаваат луѓето кои се плашат за тоа како истата ќе влијае на нивната работа и живот. Преку вработување на нови луѓе ќе се бараат лица кои можат да ги прифатат новите работи.
За крај, важно е да се напомене дека и покрај вестите за масовни и глобални отпуштања и препреки во економијата, многу компании сѐ уште бараат нови работници.
Затоа токму вие можете да бидете работникот што го бара компанијата, а притоа и вие самите да ја најдете работата која сакате да ја работите.
Извор: BIZLife
Фото: Unsplash

