ЌЕ ПОРАСНЕЛА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА. ДОБРО И СЕГА ДА ИЗЛЕЗЕМЕ НА БАЛКОНИТЕ И ДА Ѝ АПЛАУДИРАМЕ НА ВЛАДАТА?
Автор: Бобан М. Илијевски
Се фалат со растот на минималната плата на 22,500 денари како да ќе порасне за 500 евра, но тоа е – што да очекуваш од Влада која знае само да се фали, а не знае да реализира.
Не знам колку се свесни за тоа, но ова зголемување на минималната плата нема да ги задржи работниците во Македонија, нема да ги врати ниту младите во државата. Едноставно, нема да промени многу работи. Можеби ќе стимулира останатите плати во приватниот сектор да се зголемат за некоја помала сума, која повторно нема да биде доволна за пристоен живот.
Зголемувањето на минималната плата не треба да биде спектакл, туку тоа е процес кој мора да се случи, а должност на државата е да овозможи истиот да го следи текот кој е усогласен во Законот за минимална плата кој вели дека таа ќе расте согласно 50 % од трошоците за живот и 50 % од просечната плата. Навистина не знам што да речам. Пораснала минималната плата… и што? Треба да излеземе на балконите и да ѝ аплаудираме на Владата? Факт е дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата не растеше. Тоа што сега расте (недоволно) не треба да биде повод да се слави. Како и што пишав погоре – должност е на секоја Влада да се грижи платите да растат. Нема потреба од правење фама.

