ПравдаСветот на работникот

10 проценти од вкупно заболените се медицински персонал, лекарите оставени сами да се борат

140views

Најмалку 52 здравствени работници во Македонија, или над 10 отсто од вкупниот број, се инфицирани со Ковид 19, покажуваат податоците на ИЈЗ. Од нив, дури 34 биле заразени во болнички услови. Ова го вклучува алармот – дали здравствените работници се доволно заштитени? Надлежните гласни – заштитна опрема имало доволно. Но, медицински лица преку социјалните мрежи молат за донации.

„Ние во кумановската болница добиваме донации, купуваме, шиеме, се снаоѓаме. Oна што им треба на вработените во инфективното одделение се заштитни мантили и скафандери. Затоа упатувам молба ако некој може да ни сошие мантили и скафандери за еднократна употреба за да ја надминеме оваа тешка ситуација“, пишуваат на социјалните мрежи.

Од Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари велат оти скандалозно било здравствени работници да бараат заштитна опрема од невладините организации, наместо да ги снабди надлежната институција. Тие велат дека тестирањето на граѓаните мора да биде помасовно.

„Јас сметам дека нема воопшто заштите, а не делумна заштита. Од Министерство за здравство сме добиле само поддршка и ништо друго. Ние сме ставени во позиција како Невладина организација на млади лекари и специјализанти да спасуваме све живот и диво. Срамота е да се дозволи нас да не бараат за заштитна опрема јавни здравствени установи. Ова на терен моментално што се случува особено со матичните лекари е скандалозно“, вели доктор Ненад Лазаров.

Дека медицинскиот кадар кубури со опрема за Алфа сведочат и вработени во Ургентниот центар. Докторка од КАРИЛ, која сака да остане анонимна, вели дека за цела 8-часовна смена добивале само една заштитна маска, која се носи најмногу до два часа. Операциите вели ги правеле со по еден пар заштитни ракавици, наместо со два како што е тоа пракса. Се сомневаат дека опремата за која зборуваат надлежните се чува скриена во болничките магацини. Стравуваат дека ако и натаму бидат оставени на ваков ризик, пикот на заразата ќе биде достигнат само од заболени здравствени работници.
Инаку, надлежните вчера потврдија дека само во последните 24 часа со Ковид 19 заразени биле 14 здравствени работници. Од нив 11 биле на служба во општата болница во Куманово, еден возач од Итната помош во Скопје и еден техничар на Клиниката за инфективни болести кој имал воспаление на белите дробови.

Во земјава прва заразена докторка со корона вирус беше директорката на Клиниката за кожни болести, Цаца Биљановска, која беше регистрирана на 9 март. Тогаш целата клиника се затвори а стотици здравствени работници беа ставени во карантин. Од нив дури шест се покажаа како позитивни на вирусот.

Позитивни на ковид 19 се и четворица вработени во педијатриска болница во Дебар, осум во Заводот за рехабилитација во Козле, уште четири во приватната болница Плодност во Битола.
Во меѓувреме, најмалку шестмина вработени во МВР се позитивни на Ковид 19, над 30 полициски службеници се ставени во самоизолација.

Извор: Алфа