Правда

20% од студентите на јавните универзитети сметаат дека корупцијата е екстремно присутна

20% од студентите на државните универзитети сметаат дека корупцијата е екстремно присутна на факултетите каде студираат, 24% сметаат дека корупцијата е умерно присутна – покажува истражувањето спроведено од Институтот за стратешки истражувања и едукација.

Во високото образование, 21 отсто од студентите сметаат дека најприсутно е мамењето на испити, 20 % изјавиле дека проблем е условувањето да се купи книгата на професорот за да се положи испитот или да се добие подобра оценка, додека на трето место е практиката студентите да им плаќаат на трети луѓе за пишување на семинарски трудови и дисертации.

Дури 9% од испитаниците се изјасниле дека од нив било побарано мито од страна на професори… Пријавите за корупција се многу ретки – само 3% од анкетираните студенти експлицитно кажале дека на некој начин реагирале.

Истражувањето е спроведено во Македонија, србија и албанија преку користење техника лице в лице, во мај 2023 година, на примерок од 300 студенти во секоја земја.