28 случаи на дискриминација во работните односи утврдила КСЗД во 2025 година
Комисијата за спречување и заштита од дискрминација во 2025 година добила вкупно 230 претставки од лица кои сметале дека претпреле дискриминација во областа на работните односи, стои во документот кој порталот Работник го доби од КСЗД преку Барање за информации од јавен карактер.
Сепак, КСЗД утврдила 28 случаи на дискриминација во областа на работните односи. Според нив, нејчеста дискриминација која е утврдена е врз основа на политичкото уверување, и тоа во шест случаи.
- Утврдени се и 5 случаи на директна интерсекциска дискриминација и вознемирување врз работнички врз основа на пол, род и бременост, односно мајчинство.
- Утврдени се 4 случаи на етничка дискриминација, од кои еден случај на интерсекциско вознемирување врз работничка на етничка и родова основа.
- Утврдени се 3 случаи на директна дискриминација врз членство во синдикална организација, но и 3 случаи на дискриминација врз лица затоа што не се членови на синдикат.
- Утврдени се 5 случаи на дискриминација во работните односи врз основа на личен или општествен статус.
- Од преостанатите 2 случаи, едниот е за директна дискриминација врз работничка во струката, а вториот е случај на директна дискриминација од страна на синдикат врз работник врз основа на неговиот брачен статус.

