Дискриминација на работното место по однос на возраста
Дискриминација на работното место по однос на возраста
Кризата со вирусот КОВИД-19 несразмерно ги погоди постарите работници. Во текот на првите шест месеци од пандемијата, работниците на возраст од 55 години и постари имаа дури 17% поголема веројатност да ги загубат своите работни места отколку помладите вработени. Всушност, ова е првпат по 50 години постарите возрасни лица да доживуваат поголема невработеност отколку вработените во средината на својата кариера.
Постарите работници, исто така, се вработуваат побавно, особено оние работници кои се во нивните 50 -ти години бараат работа двапати подолго во однос на помладите лица кои бараат работа. Тоа генерално се должи на фактот што работниците пред пензија претставуваат кадар кој е поскап за да се задржи на списокот за плата, делумно и поради долгогодишната дискриминација на постарите вработени. За нив се претпоставува дека го „одработиле“ своето, дека немаат многу како да допринесат со нови, иновативни идеи и најчесто се оние кои даваат најголем отпор при воведувањето на нови форми на технологија во работата. Поради ваквите стереотипи, еден од пет работници постари од 40 години и речиси една четвртина од работниците постари од 60 години се соочиле со некаков вид дискриминација поврзан со возраста.
Меѓутоа, и помладите работници се соочуваат најмалку со предрасуди на работа. Всушност, неодамнешно истражување открива дека процесот познат како „обратно стареење“ е полош сега од кога било досега. Истражувачите откриле дека денешните млади луѓе се гледаат во понегативно светло отколку нивните претходници, при што учесниците во студијата ги опишале како вообразени, разгалени, без почит, радикални и мрзливи. Друга студија дури сугерира дека младите лица почесто се соочуваат со дискриминација поради возраста на работа за разлика од нивните средновечни и постари колеги.
Со оглед на потенцијалното огромно влијание кое овој проблем може да го има врз деловните односи, ги советуваме работодавачите да ги подобрат своите политики и практики кои поттикнуваат дискриминација по возраст. Сепак, малкумина се охрабруваат да се занимаваат со ова прашање, а голем дел од работодавачите не се ни свесни за степенот на овој проблем, како во нивните компании, така и во поширокото општество.
Тимот на Јуридика

