СОНК и претставници од Американската Федерација на учители на средба со Шаќири и Ѓорѓиевски
Време за читање 1 минута
Фејсбук статус на СОНК:
Во рамките на меѓународната соработка, денес, раководството на СОНК ќе оствари средба со претставници од Американската Федерација на наставници (AFT), Dan Montgomery, потпретседател на AFT, претседател на Федерацијата на наставници од Илиноис и Ramiro Hernandez, директор на AFT за западен регион, предводени од Steven McCloud, програмски директор за Албанија, Косово и Северна Македонија од Solidarity Center – Америка и Kejsi Gaxha, програмски асистент во Solidarity Center – Америка.
Во рамките на оваа посета, претставниците ќе остварат средба и со Министерот за образование и наука, г-дин Јетон Шаќири, како и со градоначалникот на општина Кисела Вода, г-дин Орце Ѓорѓиевски, а ќе посетат и училиште во оваа општина.
Целта на оваа средба е соработка, меѓусебна помош и синдикална солидарност како основа за синдикално дејствување и размена на искуства за подобра видливост на интересите на вработените во образованието од нашиот регион преку заеднички настапи во меѓународни активности.
Latest posts by Портал Работник (see all)