3 термини кои секогаш треба да ги имате вклучено во вашето CV, без разлика каде и да аплицирате

Избегнувјате во вашите професионални биографии да вклучувате термини како „ориентирани кон детали“ или „трудољубивии“. Не вклучувајте ниту термини како „бев одговорен за“ и избегнувајте да наведувате некое искуство кое е веќе „старомодно“.

Сепак, постојат фрази коишто сакате да ги вклучите во вашето CV, бидејќи истите ќе ви овозможат да бидете избрани за интервју од страна на менаџерот за човечки ресурси.

„На биографијата гледам како на оптимизација на веб страна“, вели Горик Нг., кариерен советник од Харвард и автор на книгата „Не изговорените правила“ за CNBC Make it.

За да биде појасно, кога некој објавува содржина на веб страната гледа на неа да има вклучено неколку клучни зборови кои ќе му помогнат на пребарувачот, како на пр. Гугл. Ова се прави за да содржината биде полесно откриена од пребарувачот, а со тоа и од луѓето.

Кариерните експерти советуваат во биографијата да се вклучуваат клучни зборови кои можат на менаџерот за човечки ресурси да му помогнат да донесе заклучок дека вие треба да бидете избрани за интервју за работа.

CNBC Make it дава неколку совети за тоа кои термини треба да се вметнат во биографијата за да се истакнува од останатите.

Зборови од описот на работното место

Со цел да ја оптимизирате биографијата, треба да ставите акцент на зборовите кои се појавуваат во описот на работното место, на веб страната на вашиот потенцијален работодавач и оние зборови кои се употребуваат на терен“, вели Нг.

На пример, сакате да аплицирате за работна позиција во маркетинг. Читајќи го описот на работното место ќе наидете на задачи коишто очекуваат од кандидатот да ги извршува, како создавање на листа на медиуми, пишување на соопштенија за медиуми и пишување на зборови. Доколку погледнете друг оглас за истата работна позиција, може да наидете на истите работни задачи.

Доколку тие се дел од вашето работно искуство, не заборавајте да ги вклучите во описот на вашето искуство. Вашиот потенцијален работодавач ви укажува на какво искуство бара. Ако имате такво искуство, важно е тоа да го наведете на нивен јазик, за да знаат дека сте вистинскиот човек за работната позиција.

Користете ударни глаголи како „постигнувам/подобрувам“

Вашата биографија треба да биде моќна рефлексија на вашите достигнувања. За да го направите вашето работно искуство поавтентично, погрижете се онаму каде што треба, да започнете со глагол во минато време кој ќе предизвикува што е можно поголемо дејствување, порачува Нг.

„Водев тим од пет луѓе, координирав три оддели, дизајнирав три веб страни, изградив, дизајнирав, напишав и објавив“, се дел од примерите на Нг. Тој вели дека дури и да не продолжи со речниците, веќе постои ментална слика за тоа какво работно искуство имал.

Вики Салеми, кариерен експерт, додава уште неколку силни глаголи: „достигнав, подобрив, тренирав, менаџирав“.

Броеви како „зголемување за 25 %“

„На крајот на денот, секоја организација се грижи за истите пет работи – повеќе, подобро, побрзо, поевтино, побезбедно“, вели Нг.

Употребувањето на силни глаголи ги опишува задачите кои сте ги работеле, но употребувањето на конкретни бројки покажува што сте постигнале и како сте помогнале работите да бидат – повеќе, подобри, побрзи итн. во конкретната компанија.

Додека пишувате за вашето искуство во биографијата, запрашајте се, колку продажби сте направиле за еден месец? Колку посети добила одредена веб страна откако сте ја редизајнирале? Колку станал попродуктивен тимот откако сте ги промениле работните процеси?

Не заборавајте ниту на процентите за растот. „Постои разлика да кажете дека сте менаџирале со буџет од 10,000 долари и помеѓу тоа да кажете дека сте направиле 10,000 долари промет, што е за 25 % повеќе од минатата година. Земете во предвид компаративни начини за да ги презентирате податоците и да ги одберете оние кои најдобро ја покажуваат вашата вредност.