- Advertisement -
НовостиСветот на работникот

3 чекори за тоа како на најпозитивен начин да дадете отказ од работа

3 чекори за тоа како - Работник
475views

Подготвил: Бобан Илијевски

Пандемијата не го смени само тоа каде, туку и како повеќето од луѓето работат. Исто така ги принуди да ги преиспитаат своите врски со работните места, како и што сакаат од нивните кариери. Како резултат на ова, на пр. во САД, работниците во рекордни бројки даваат откази од своите работни места, пишува CNBC. 

Давањето отказ ретко кога е едноставен, глаток процес, и во случај да го мразите вашиот шеф или да се добиле подобра понуда за работа. Може да биде емоционално, а вие сигурно сакате да ги оставите професионалните врски „недопрени“. 

Антони Клотз, организациски психолог и професор на Texas A&M кој прво го „исковал“ терминот „Големиот отказ“, вели дека давањето отказ не е ништо поразлично од прекинување на врска со вашиот партнер. 

„Без разлика на тоа на кој начин го водите тој разговор, тоа е интерперсонална интеракција поврзана со голема одлука која ќе влијае врз голем број на поединци“, рекол тој за CNBC. „Кога сте менаџер, доколку некој вработен ви даде отказ, тоа може да генерира многу негативни емоции, исто како да сте ја прекинале врската со некој“. 

Клотз додал дека пандемијата не ги сменила базичната етикета и влијание на отказите, иако голем број на вработени даваат откази преку видео повици или емаил. Всушност, пребарувањата на гугл за „отказ преку емаил“ драстично пораснале во претходните три месеци, поради тоа што луѓето бараат начин како да дадат отказ и што да им кажат на нивните шефови. 

Подолу во текстот, Клотз и уште двајца други експерти за кариера ги споделуваат своите најдобри совети за пишување на силен емаил за отказ, како и за тоа, како да дадете отказ, а да не ви станат лоши односите со вашиот шеф. 

Не го изненадувајте вашиот шеф

Првиот чекор кој треба да го преземете откако ќе одлучите да дадете отказ е закажување на личен, телефонски или видео состанок со вашиот менаџер, за да го известите за вашите планови – „што порано, тоа подобро“, вели експертот за кариера на LinkedIn Ендру МекКаскил. 

„Ниеден менаџер не сака да биде изненаден“, вели тој. „Испратете му меил во кој ќе му кажете дека сакате состанок и дека се работи за важен разговор“. 

МекКаскил препорачува да му дадете известување за вашиот отказ, пред да заминете. „Не само што помага во тоа вашиот сегашен работодавач да направи планови за пополнувањето на вашата улога, туку му овозможува на вашиот тим да се прилагоди на ситуацијата“, објаснува тој. 

Во разговорот со вашиот менаџер, МекКаскил сугерира да ги обзнаните јасно вашите намери, но притоа да бидете кратки: Заминувам на (наведете датум), бидејќи сум подготвен за мојата следна улога“, а потоа проследете му го отказното писмо преку емаил. 

Доколку не сакате да му откриете на вашиот менаџер каде ќе одите да работите, постојат неколку различни објаснувања, за кои МекКаскил вели дека треба да ги земете во предвид. „Можете да кажете, ‘Се‘ уште ги немам разработено сите детали, но кога се ќе биде на место, ќе ми биде мило да ја споделам мојата нова улога, па дури би побарал од вас насока за тоа кој да ми биде следниот чекор’“, вели тој. 

Доколку пак планирате да одмарате некое време, МекКаскил сугерира да го кажете следното: „Ќе земам слободно време, меѓу оваа работа и следната, за да се одморам пред да тргнам во новата авантура, но бидете сигурни дека ќе Ве известам кога ќе започнам со работа“.  

Бидете благодарни

Важно е вашето отказно писмо да го започнете со изразување благодарност, вели тренерот за кариера, Летиша Береола. „Сакате да се претставите како добронамерен човек. Кажувањето на вашиот менаџер колку сте благодарни за можностите кои се ги имале додека сте работеле во компанијата, ќе направи горчината да стане малку послатка“. 

Во октомври, Береола дала отказ од работното место како презентер на вести во Џексонвил, Флорида, за да започне кариера како тренер за криерен развој. Била доста нервозна додека се подготвувала да го извсти шефот за нејзината одлука, се сеќава таа. Сепак, тоа што го започнала разговорот на позитивен начин, со тоа дека е благодарна за работата, добила поголема самодоверба за да му каже на нејзиниот шеф зошто заминува и кога ќе биде нејзниот последен ден. 

Доколку имате негативни емоции кон вашиот работодавач и не можете да искажете благодарност, Береола препорачува да ги извежбате мислите пред да закажете состанок или да испратите меил во врска со отказот. 

„Размислите за моментите на вашето прво интервју за вашата сегашна работа, и колку многу сте сакале да ве вработат“, вели таа. „Потсетете се на луѓето кои сте ги стретнале, односите кои се ги изградиле и најголемите работи коишто сте ги постигнале за да можете да искажате балгодарност“. 

Менаџерите одговараат позитивно на отказите кога вработените ќе искажат благодарност во нивните отказни писма, вели Клотз. „Комплетно ги омекнува лошите вести“, додава тој. „Бидете концизни во емаилот: Започнете со извстување дека давате отказ, кога ќе би биде последниот ден, а потоа искажете мала благодарност за сите искуства коишто сте ги имале“. 

Направете транзициски план

Последниот месец од вашата работа е конечната шанса да оставите позитивен впечаток и позитивни импресии на вашите колеги. Можеби ќе бидете во искушени веднаш да започнете да размислувате за вашата идна работа, но Клотз советува дека треба да размислувате за тоа како да го минимзирате влијанието на вашето заминување од сегашната компанија. 

Береола вели дека во отказното писмо му понудила на нејзиниот шеф да направи „беспрекорна транзиција“. „Ова ми помогна да се осврнам на наследството кое сакав да го имам“, објаснува таа. „Последниот месец, пред да заминам, се запрашав ‘Каков работник ќе бидам? Дали ќе ги спакувам моите работи и ќе ги качам нозите на масата? Или ќе се вклучам во работата, ќе бидам повеќе продуктивна за да ја подготвам мојата замена за успех?’“

Можете да понудите конкретни сугестии во вашиот отказен маил за да помогнете во транзицијата, вели Клотз. Сугестиите можат да вклучуваат флексибилно заминување од работа или обука на замената. 

„Ваквата понуда веднаш ќе му пружи олеснување на вашиот шеф“, вели тој. „Ова е најпозитивниот начин за да се даде отказ. Сите позитивно реагираат на љубезност“. 

Извор: CNBC

Фото: Getty Images