Останато

5 совети за тоа како да се справите со стресот на работното место

Лошата атмосфера на работа, работата со предизвикувачки клиенти, кратките рокови, проблемите со средствата за работа, можат да предизвикаат стрес на работа. Секоја промена, па дури и позитивна, како промена на работното место предизвикува стрес, кој се случува во нашата глава.
Стресот е реакција на нашиот организам, било на притисок од средината или на притисок кој самите си го правиме себеси, објаснил за BIZlife, психологот Дејан Живковиќ.
Стресот е реакција на предизвик, на настан за кои сметаме дека може да не загрози, кој не исфрлува од зоната на комфорот. Првата работа, промена на работното место, раѓање на дете се предизвици. Стресот е механизам за опстанок, кој ни помога на преживееме“, рекол тој.
Меѓутоа, иако стресот помага да се избориме со одредена ситуација, тој може да предизвика и разни болести, бидејќи ја намалува одбраната на организмот т.е. имуниетот, па станува се поранливи.
Симптомите на стресот можат да бидат: несоница, мачнина, вознемиреност, потење, главоболки, напад на паника, зголемен или намален апетит, болки. Важно е да се препознаат симптомите на стресот кога ќе се случат и што е можно побрзо. На пример, по стресен состанок, да направите нешто со себе во наредните 5 минути, рекол психологот и дал неколку совети.
Стрес на работно место: 5 совети како да се изборите
  1. Важно е да научиме да кажуваме „не’, т.е. да знаеме да поставиме граница за да го избегнеме стресот на работа. Луѓето кои не умеат да кажат „не“, можат себеси да си направат дополнителен стрес. Тогаш шефовите често им даваат дополнителна работа.
  2. Длабокото дишење е навистина моќна техника за управување со стресот која помага во јакнењето на мускулите и им ја дава на мозокот и телото неопходната енергија. Исто така, може да придонесе за намалување на стресот и тензиите во мускулите. Седете удобно во столицата и обрнете внимание на дишењето. Вдишете и бројте до четири, а потоа издишете повторно броејќи до четири. Кога малку ќе се увежбате, оставете ги рацете да ви лежат опуштено во скут. Обрнете внимание што се случува со отчукувањата на срцето. На кој начин се поинакви во текот на вдишувањто од издишувањето. По три минути вратете се на нормалниот начин на дишење. Обрнете внимание на своите мисли и на тоа како се чувствувате. Постои и техниката 3-4-5: 3 секунди нека ви трае здивот, 4 секунди задржете го, 5 секунди издишувајте.
  3. Пронајдете фокус и концентрирајте се на една работа, тогаш нивото на стрес ќе биде помало. Можеби нема да го елиминирате, но ќе биде помал. Нашите мисли се одговорни за 90 % од стресот.
  4. Бидете физички активни. Ако цел ден гледате во екран, земете барем пауза за ручек во текот на која ќе бидете слободни од технолофијата. Оставете го телефонот на 15 минути и прошетајте се. Истражувањата покажуваат дека дури и кратките прошетки во парк можат да придонесат кон тоа да се чувствуваме подобро. Ефеките од вежбањето се бројни: јакне имуниететот, се поправа сонот, паѓа нивото на холестерол, се стабилизира автоимуниот нервен систем, попушта напнатоста во мускулите…
  5. Консумирајте антистрес храна: портокал, кој е богат со витамин Ц, црна чоколада, зелен листест зеленчук, сардини и црно вино (една чаша).

 

Извор: BIZLife/Ivana Jaćimovski

Фото: Pexels