Uncategorised

5 фрази кои родителите им ги кажувале на своите деца кои сега се успешни претприемачи

   Време за читање 5 минути

Работите коишто родителите им ги велат на нивните деца можат или да ги охрабрат и да им дадат поголема самодоверба или пак да ја намлата истата и да ги уназадат во животот, за CNBC пишува Маргот Машол Бисноу, автор и тренер за родителство.

Таа понатаму пишува дека додека истражувала за нејзината книга „Raising an Entrepreneur, разговарал со 70 родители кои пораснале многу успешни деца за тоа како им помогнале да ги остварат нивните соништа.

На нејзино изненадување, вели таа, иако станувало збор за различна група на родители, од различни раси, релегии, социо-економски групи и образовни групи сите родители им ги испраќале истите пораки на своите деца секој ден.

Некои од нив, појаснува Маргот, биле исполнети со љубов, а некои со позитивна мудрост.

1. „Не можам да направам се за тебе“

Овие родители биле спротивно на „хеликоптер“ родителите (родители кои се однесуваат премногу заштитнички и вклучени). Наместо тоа, тие поставиле чисти очекувања и очекувале од нивните деца да преземат одговорност.

Што е уште поважно, тие овозможиле да се случат природните последици. На пример, доколку нивните деца не учеле и добиле слаба оценка, тоа го користеле како можност да се осврнат кон учењето повторно.

Кога Роберт Стивенс, поранешен директор во Бест Бај имал три години, тој ги извадил сите кваки од вратите во куќата. „Моите родители не беа лути, само ми рекоа да ги вратам назад“, рекол тој.

Стивенс станал „мајсторот“ во неговото семејство. Потоа, на 24 години, ја основал Geek Squad, компанија за поправки која потоа ја продал за 3 милиони долари.

2. „Давај се од себе и биди љубезен/љубезна.“

Сите претприемачите имаат научено за љубезноста од мали нозе.

Во 2006 година, Блејк Мајкоски го основал TOMS, кој донирал повеќе од 95 милиони обувки. Неговата компанија го вовела „еден на еден“ бизнис моделот. Овој модел значи дека за еден продаден предмет, друг се донира.

Нејзината мајка на Маргот ѝ рекла дека учењето на љубезноста и сочуството било голем дел од растењето на нејзините деца: „Ние секогаш земавме три или четири семејства за Божиќ преку нашата црква и им купувавме облека и играчки и истите им ги дававме на децата.“

Ова отсекогаш била „политиката на нивното семјество – да им помагаат на сиромашните“, рекла таа. „Децата го практикуваа ова целиот живот.“

3. „Доколку нешто не оди како што треба, не биди тажен. Може да биде нешто добро подоцна во животот.“

Идните претприемачи научиле да победуваат и губат со достоинство и да не се прекоруваат за грешките. Менувањето и пробувањето на нови работи исто така било важно.

Џонатан Неман се обидел да започне бројни бизнис додека студирал. Ниеден од нив не успеал. Сепак, научил за тоа што функционира, а што не. После завршувањето на студиите, тој и неговите пријатели го создале Sweetgreen, кој има повеќе од 900 локации во САД.

„Дури ни мојот татко за нешто не мислеше дека е добра идеја, но ме поддржуваше,“ рекол Неман. „Мојот претприемачки пат се однесува на отпорност. Продлжуваме понатаму. Потрфлуваме, се обидуваме и обидуваме, потфрламе, се обидуваме и обидуваме и обидуваме.“

4. „Што е најдоброто нешто, а што најлошото што ти се случило денеска?“

Различни семејства дискутирале за настанатите од денот во различни времиња, како додека се возеле од училиште до дома или за време на викендите. Но многу од нив имале одличен разговор за време на ручек. Децата знаеле дека тоа е безбедно место за разговор.

Кога инвеститорот Д.А. Валч бил јуниор во средно училиште, решил дека немало доволно различно во училиштето. Започнал кампања за тоа, но директорот му рекол да сопре.

Истиот ден тој диксутирал со неговата мајка за ситуацијата и како се чувствувал во врска со истата. „Му реков дека може да успее во тоа ако сака, дека може да се справи со тоа, но никогаш не се вмешав,“ рекла неговата мајка.

Денес, Валч се‘ уште ги брка целите кои мисли дека се важни, сега во биотехнолошкиот и здравствениот сектор како партнер во Time BioVentures.

5. „Те сакам.“

Секој претприемач пораснал знаејќи колку бил сакан од своето семејство, колку верувале во него и биле тука за него.

Основачката наI Am That Girl Алексис Џонс на Маргот и рекла: „Мојата мајка ги поставаше очекувањата во домаќинството. Се сакавме безусловно. Секогаш си го чуваме грбот една на друга. Тоа ме прави да верувам дека се е можно.“

Сите родители на 70-те претприемачи ја комуницирале истата порака: „Те сакам. Ти верувам. Верувам во тебе. Те поддржуваме без разлика на тоа што правиш. Секогаш ќе бидеме тука за тебе.“

Извор: CNBC

Автор:Margot Machol Bisnow

Фото: Freepik