66 % сакаат да работат државно, 34 % приватно – Јавниот сектор го избираат поради сигурноста

Јавниот сектор останува еден од најпривлечните за работа на луѓето во Македонија.

Порталот Работник спроведе една кратка анкета во која ги праша фејсбук следбениците за тоа дали би работеле во јавен или во приватен сектор. Опциите коишто им ги дадовме беа следните:

  • Во јавниот сектор, бидејќи таму има поголеми плати и поголема сигурност од приватниот и
  • Во приватниот, бидејќи има потенцијал да дава поголеми плати и да понуди поголем кариерен напредок.

Првата опција ја избрале најголемиот дел од 134 испитаници или 66 %, а втората опција 34 %.

За волја на вистината, јавниот сектор е оној којшто предничи во сигурноста на работните места, додека во делот на платите ситуацијата не толку „розова“ ниту таму. Голем дел од тамошните вработени се на минимална плата. Ова во неколку наврати го потврдуваат и синдикатите кои постојано бараат зголемување на платите во јавниот сектор.

Од друга страна, приватниот сектор има многу поголем потенцијал за раст и кариерен напредок, но нуди помалку сигурни работни места. На ова сведочи и енормно зголемениот број на договори склучени на определено работно време, но сведочат и самите луѓе коишто работат во овој сектор.

Инаку, на крајот од третиот квартал од 2022 година, 520,886 од работниците биле вработени во приватен сектор, а 172,176 во државни компании и компании со мешовита сопственост.

 

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.