8 предвивидувања за тоа какви промени ќе има кај работната сила во 2023

Талентираните Македоноци ќе имаат повеќе шанси бидејќи во 2023 се очекува во предвид да бидат земани повеќе глобални кандидати за работа

Работната сила во 2023 година ќе продолжи да се менува и развива – од мулти-хибридни работни политики до се поголем фокус на глобални кандидати за работа.

Во последните неколку години, компаниите се бореле со одлуки како што се нудењето на постојана работа на далечина, создавање на хобридни модели на работа или враќање на вработените во работните простории, пренесува  Inc.

Компаниите исто така се соочиле со влијанијата на тивките оставки и „Големиот отказ“, што ги навело подлабоко да размислуваат за полииките на вработување и потенцијалните бенефити кои би можеле да им ги овозможат на вработените за да ги задржат.

Очекувањата се дека во Новата година компаниите ќе наидат на уште промени.

Во продолжение на овој текст, група на успешни претприемачи ги споделуваат своите предвидувања за некои од промените на работната сила кои би требало да ги видиме во 2023 и како претпријатијата можат да се прилагодат на нив.

Повеќе понуди за бенефити за вработените

За да се подобрат стапките на задржување, компаниите ќе се натпреваруваат во тоа која од нив ќе понуди подобар пакет на бенефити во 2023 година, вели Џон Брекет, основач на компанијата Smash Balloon LLC.

Самата сигурност повеќе не е доволна. Вработените сакаат флексибилно платено слободно време, пристап до платени алатки и ресурси и начини за напредување во кариерата. Брендовите кои ги нудат овие поволности на работната сила ќе напредуваат, вели тој.

Подлабок фокус на култирата на компанијата

Голем број компании во последните години се фокусирале на унапредување на компаниската култура, а Блер Томас, коосновач на  eMerchantBroker, верува дека 2023 година нема да биде ништо поинаква.

Ако веќе не започнале, се повеќе компании ќе се фокусираат на овозможување на флексибилност и зајакнување на културата во својата компанија, вели Томас и додава:

Оние кои ќе го направат тоа, сигурно ќе уживаат во лојалноста на вработените и поголемата вкупна продуктивност.

Повеќе земање во предвид на глобалните кандидати

Според Диана Годвин, основач и извршен директор на MarketBox, побарувачката за флексибилност ќе доведе до тоа луѓето да бараат можности за работа на далечина кои не зависат од локацијата.

Се поголемата работна сила на далечина претставува фантастична можност за компаниите кои сега можат да пристапат до глобалниот фонд на таленти, вели Годвин потенцирајќи дека со тоа што би им понудиле поголема флексибилност на вработените во однос на нивните работни денови, компаниите ќе можат да привлечат и задржат врвни таленти“.

Посилни стимули за вкрстена обука и соработка

Наместо на традиционален начин да се остане на една позиција или улога во текот на целата кариера, Џон Тарнер, основач на компанијата SeedProd LLC, верува дека во новата година подлабок фокус ќе се стави на вкрстената обука и соработка која ќе им овозможи на професионалнците да се бават со други интереси.

Сите вработени ќе имаат повеќе вештини и повеќе можности да растат во склоп на една компанија наместо да скокааат од едно на друго работно место, предвидува Тарнер.

Намалена стапка на флуктуација

Некои компании можеби се загрижени дека 2023 година ќе донесе повеќе оставки, но Стефани Велс, коосновач и технички директор на компанијата Formidable Forms, верува дека 2023 ќе биде постабилна година во однос на претходните.

Со тоа што се повеќе компании ја прифаќаат флексибилната работна култура, работите изгледаат ветувачки за моменталната работна сила на пазарот и потенцијалната која би барала работа во 2023 година. Генерално гледано, ќе има помала флуктуација во однос на претходните години и зголемување на задоволството на работниците, вели Велс.

Попривлечни работна средина

И поркај трендот на работа на далечина, Фирас Китанех, извршен директор и косоновач на Amerisleep Mattress, предвидуваа враќање на работата на лице место.

Компаниите ќе реинвестираат во создавање на попривлечно опкржување на работните места за да привлечат нови вработени. Ова ќе биде посебно важнно, бидејќи се повеќе лица кои ќе работат на лице место ќе се стекнат со конкурентска предност поради тоа што ќе можат побрзо да ги решаваат проблемите заедно, објаснил Китанех.

Поглема динамика на политиките за хибридна работа

Од друга страна, други експерти како Ричард Фонг, генерален директор на Bliss Drive, сметаат дека хибридните работни опкружувања ќе бидат најпопуларна опција за компаниите во 2023 година.

Многу од луѓето откриле дека работата од дома има свои недостатоци, но недоволно за да се вратат во канцелариите на полно работно време, вели Фонг.

Хибридниот начин на работа им овозможува на луѓето да го изберат она што најдобро функционира за нив за постигнување на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот, вели тој.

Поголема побарувачка за краткорајни и хонорарни позиции

Калин Касбов, основач и извршен директор на ProTekting, вели дека ако моменталните трендови продолжат и во 2023 година, ќе има се повеќе работници кои ќе бараат краткотрајни и хонорарни позиции.

Луѓето денес, особено младите работници, ја ценат флексибилноста, а многумина имаат и долгорочна цел да започнат сопствен бизнис. Се помалку има луѓето кои својата позиција ја сметаат за доживотна или дури за петгодишна обврска, вели тој.

 

Извор: BIZlife.rs