99-годишниот милијардер сè уште работи и има само еден совет до луѓето: „Бидете малку посреќни во животот, тоа е потребно“

„Луѓето се помалку среќни сега отколку кога работите беа многу потешки“, истакнал Чарли Мангер неодамна.

Искусните, деловни луѓе добро го познаваат Чарли Мангер, иако американскиот инвеститор и милијардер наголемо ја „гази“ 99-тата година. Поточно, баш толку ќе наполни на 1 јануари.

Ворен Бафет којшто е помлад од Мангер шест години го опишува како најблизок партнер и десна рака.

Според податоците на „Forbes“ од 2022 година Чарли има нето вредност од 2,3 милијарди долари, а од искусниот бизнисмен можеме многу да научиме и тоа не само за работата туку и за животот.

Познато е дека Мангер не верува во криптовалутите ниту во златото, но затоа верува во моќта на чувството на среќа. Тој неодамна на годишниот состанок на компанијата „Daily Journal“ каде е директор, образложил и зошто мисли дека сите треба да бидеме посреќни.

Тој вели дека не разбира зошто луѓето не се задоволни со тоа што го имаат, а особено во споредба со оние кои во минатото минувале низ тешки времиња.

„Луѓето се помалку среќни сега отколку кога работите беа многу потешки“, изјавил Мангер којшто се осврнал на триесеттите години на минатиот век кога станал полнолетен.

Тој вели дека тоа било време кога Американците се бореле да преживеат како последица на тешката економска криза, позната како Голема депресија. Мудриот Мангер се пожалил дека зависта е пресвртен фактор кај многу од луѓето.

„Многу години пред 19-от век немаше весници, климатизација, модерна медицина“, напоменал тој.

Мангер на споменатиот годишен состанок истакнал и за размислувањето на харвардскиот психолог Стивен Пинкер којшто тврдел дека квалитетот на животот ширум светот драстично се подобрил во споредба на последните два века.

Добриот соработник на Бафет и пријател во 2019 година говорел и за нееднаквоста во приходите, велејќи дека таа не е толкава колку што се претставува. Од друга страна, политичарите кои гласно говореле за тој јаз ги нарекол со погрдни имиња.

Заклучокот е дека можеби навистина треба да го послушаме Чарли и да се обидеме да бидеме барем малку посреќни во 2023 година и наредните години кои доаѓаат.

Извор: supermen.tocka.com.mk