СветСветот на работникот

Амазон ги отпуштил вработените во тимот за развој на општа вештачката интелигенција

Американската компанија Амазон вчера ги отпуштила дел од вработените во своето одделение за развој на општа вештачка интелигенција (AGI), продолжувајќи ја серијата на мали реорганизации кои проследиле по големиот бран на отпуштања на почетокот на годината.

Од компанијата соопштиле дека остануваат посветени на развојот на големи ВИ модели, но дека сакаат да ги пренасочат ресурсите на проекти кои имаат најголемо значење за корисниците, пренесува Ројтерс.

„Се фокусираме на иницијативи кои се најважни за нашите корисници за побрзо да напредуваме, што подразбира и тешки одлуки, вклучувајќи го укинувањето на поединечни работни места во деловите на AGI организацијата“, навел портпарол на Амазон.

Според наводите на вработените на интернет форумите, отпуштањата ги погодиле тимовите задолжени за ВИ податоци и управување со информации во рамките на AGI одделението, а конкретен број на луѓе кои останале без работа не е соопштен.

Општатата вештачка интелигенција (Artificial General Intelligence – AGI) означува хипотетечки систем способен да учи, да се прилагодува и да решава широк спектар на задачи на ниво или над човечките способности.

Амазон во јануари отпуштил околу 16.000 вработени, а потоа продолжил со мали намалувања на бројот на работници во поединечни деловни единици, вклучувајќи ги и секторите за развој на вештачка интелигенција.

Извор: b92.net