ЕкономијаМакедонија

Бројот на странски туристи во Македонија пораснал за 4,8 отсто во првите четири месеци од годинава

Во периодот јануари-април 2026 година, Македонија ја посетиле 272.876 странски туристи, што претставува раст од 4,8 отсто во споредба со истиот период лани, кога биле регистрирани 263.707 туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во истиот период, бројот на ноќевања остварени од странските туристи достигнал 507.517, што е благо зголемување од 0,3 отсто на годишно ниво.

Само во април годинава биле евидентирани 174.649 странски туристи, што е за 1,6 отсто повеќе во споредба со април 2025 година.

Најбројни меѓу странските посетители во април биле туристите од Турција, со 11.826 пристигнувања, по што следуваат туристите од Германија со 11.463 посетители и оние од Србија.

Податоците укажуваат на продолжување на позитивниот тренд во туристичкиот сектор, кој бележи раст на бројот на странски гости и во текот на 2026 година.