Занимливости

Едноставен јапонски трик го разладува автомобилот за само една минута – не ви е потребна ниту клима

Летните горештини можат за само неколку минути да ја претворат кабината на автомобилот во вистинска печка. Но, постои едноставен јапонски трик со кој температурата може да се намали за околу 10 степени за само една минута – без вклучување на клима-уредот.

Кога автомобилот е паркиран на сонце, температурата во кабината лесно може да достигне и до 60 Целзиусови степени. Во такви услови, воланот и седиштата стануваат жешки, а воздухот речиси невозможно е да се дише.

Наместо веднаш да го стартувате моторот и да ја вклучите климата на максимум, постои едноставен метод кој овозможува брзо проветрување на возилото.

Како функционира трикот?

Методот, познат како „јапонски трик“, се заснова на исфрлање на жешкиот воздух од кабината и негово заменување со посвеж надворешен воздух.

Потребно е да ги следите овие чекори:

  • Спуштете го прозорецот на совозачката врата до крај.
  • Потоа преминете на возачката страна.
  • Брзо отворете и затворете ја возачката врата пет до шест пати.

Важно е вратата да не се удира силно, туку само брзо да се отвора и затвора. Истата постапка може да се направи и обратно – да се отвори прозорецот кај возачот, а да се отвора и затвора совозачката врата.

Зошто е ефикасен?

Со отворањето и затворањето на вратата се создава силен проток на воздух. Се формира ефект на вакуум кој го исфрла заробениот жежок воздух низ отворениот прозорец, а во кабината внесува посвеж воздух однадвор.

Доколку надворешната температура е околу 30 степени, а во автомобилот достигнала 40 или 50 степени, со овој метод температурата може да се намали за околу десет степени за само една минута, што значително го олеснува влегувањето во возилото.

Дополнителна предност е што трикот не троши гориво, не го оптоварува моторот и акумулаторот и е целосно бесплатен.

Внимавајте што оставате во автомобилот

Во текот на летото, високите температури во автомобилот можат да бидат опасни и за предметите што се оставаат во кабината.

Не се препорачува во возилото да се оставаат пластични кеси со намирници, запалки или шишиња со вода изложени на директна сончева светлина.

При екстремна топлина, пластиката може да ослободува штетни материи, а шише со вода оставено под шофершајбната може да делува како лупа и, во ретки случаи, да предизвика оштетување на ентериерот или дури и пожар.

Затоа, пред да го напуштите автомобилот, отстранете ги ваквите предмети, а при враќањето најпрво проветрете ја кабината со овој едноставен трик, па дури потоа тргнете на пат.

Извор: espreso.co.rs