ЕУ воведува ново правило за платите
Европската унија вчера започна да ги применува новите правила за транспарентност на платите, кои имаат за цел да го олеснат откривањето на дискриминацијата во платите помеѓу жените и мажите и да се намали разликата помеѓу половите.
Додека Хрватска се’ уште ги завршува законските измени неопходни за транспонирање на директивата во националното закондавство, пишува Index.hr.
Начело кое не се остварува во пракса
Директивата (ЕУ) 2023/970 е усвоена во мај 2023 година како еден од клучните елементи на Европската стратегија за родова рамноправност, со цел намалување на разликите во платите помеѓу половите низ поголема транспарентност и посилни механизми за спроведување.
Иако принципот еднаква плата за еднаква работа е дел од членот 157 од Договорот за функционирање на Европската унија, европските институции со години предупредуваат дека тој не се спроведува потполно во пракса.
Европската комисија повеќе пати предупредила дека дискриминацијата во платите останува неоткриена поради нетранспаретните системи за одредување на платите, што на работниците им отежнува да утврдат дали се помалку платени од своите колеги за иста или еднакво вредна работа.
Според податоците на Евростат за 2024 година, жените во Европската унија во просек заработувале 11,1 % помалку по час од мажите. Во Хрватска разликата е помала, 6,6 %, што е под европскиот просек, но европските и националните власти предупредуваат дека дури ни таквите податоци не значат дека проблемот е отстранет.
Што носат новите правила
Новите правила воведуваат низа на обврски насочени кон олеснување и докажување на дискриминацијата во платите. На кандидатите за работа би требало да им бидат дадени информации за почетната плата или распонот на плати пред вработување, на работодавачите повеќе нема да им биде дозволено да бараат информации за претходните плати на кандидатите, а работниците ќе имаат право да побараат информации за критериумите кои се користат за одредување на платите и унапредувањата.
За поголемите работодавачи се воведува обврка за известување за разликата во платите помеѓу половите, додека жртвите на дискриминација имаат право на надомест на штета, со тоа што товарот на докажување во одредени постапки ќе биде префрлен на работодавачот.
Потпретседателот на Одборот за права на жените и родова рамноправност во Европскиот парламент, Марко Вешигаљ (СДП), оценил дека главната цел на директивата е зајакнување на принципите на еднакви плати и зголемување на транспарентноста на платите низ мерки кои ќе ги зајкнат работниците и ќе ги поттикнат работодавачите да воспостават поправедни системи за одредување на плати.
„Се очекува овие мерки долгорочно да придонесат кон намалување на разликата помеѓу половите, која и понатаму е присутна во поголемиот дел од земјите членки“, рекол Вешигаљ во изјава за Хина, укажувајќи дека нееднаквостите на пазарот на труд се прелеваат и на пензискиот систем, во кој жените во ЕУ примаат, во просек, околу четвртина пониски пензии од мажите.
Додал дека во текот на преговорите во Европскиот парламент клучните прашања ги опфатиле обемот на обврски за работодавачите, посебно за Малите и средни претпријатија (МСП), праговите за пријавување и механизмите за спроведување и санкционирање.
Вешигаљ смета дека на државите членки им е дадено доволно време за прилагодување, но предупредува дека успехот на реформата ќе зависи од јакнењето на институционалните капацитети за надзор и спроведување, како и јасни насоки за работодавачите.
„Во Хрватска, како и во други држави членки, клучно е да се обезбедат јасни насоки за работодавачите и ефикасни механизми за следење за да се осигура вистинска примена на директивата во пракса, а не само формално да се усогласи“, рекол тој.
Главак: Обврската за известување би можеа да опфати дури 1,900 работодавачи
Пратеничката во Европскиот парламент, Сунчана Главак (ХДЗ) истакнува дека целта на директивата не е административно изедначување на сите плати, туку создавање услови неоправданите разлики за истата работа да можат да се препознаат, докажат и поправат.
„Принципот еднаква плата за еднаква работа и работа со еднаква вредност постои уште од Римските договори, но се’ уште не се спроведуваат во потполност во пракса“, рекла Главак за Хина.
Според неа, најизискувачкиот дел од рефромата се однесува на известувањето за разликата на платите помеѓу половите, каде е важно да се разликува рокот за транспонирање на директивата од потполно оперативните примени на поединечните обврски.
Системот за известување ќе биде воведен постепено. Работодавачите со 250 или повеќе вработени ќе известуваат еднаш годишно, оние со од 150 до 249 на секои три години, додека за работодавачите со од 100 до 149 вработени, известувањата ќе започнат во 2031 година.
Главак проценува дека помеѓу 1,700 и 1,900 компании и институции со 100 или повеќе вработени би можеле да бидат опфатени со формална обврска за известување во Хрватска. Иако рокот за транспонирање на директивата истекол на 7 јуни, Хрватска се’ уште била во процес на усвојување на законските измени за европските правила да се транспонираат во домашното законодавство пред тој датум.
Ружиќ: Измените на Законот за работни односи во завршна фаза
Министерот за труд, пензиски систем, семејство и социјална политика, Ален Ружиќ на крајот на мај изјавил дека измените на Законот за работни односи се во завршна фаза на подготовка пред да бидат упатени во собраниска процедура. Ружиќ изразил очекување дека новите правила ќе доведат до намалување на разликите во платите помеѓу жените и мажите.
Хрватските амандамни би требало да вклучат обврска за објавување на распонот на платите во огласите за работа, право на вработените на иформации за платите и критериумите за напредување и обврска за поголемите работодавачи да известуваат за разликите во платите помеѓу мажите и жените на исти позиции.
Откако истекол рокот за транспонирање на директивата, фокусот се префрлил на нејзина имплементација во државите членки, кои мораат да го воспостават системот на следење и осигуравање на ефикасна заштита на правата предвидени со новите правила.
Извор: b92.net

