Премиерот Мицкоски денес во Виница, нови 40 работни места по проширување на брендот „Винчини“
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе престојува во работна посета на компанијата „Макпрогрес“ во Виница, по повод отворањето на новата фабрика за кондиторски производи во рамки на брендот „Винчини“.
Според владината прес-служба, премиерот ќе одржи работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата, на кој ќе се разговара за економските состојби, извозните резултати, инвестициските активности и идните развојни планови.
По состанокот е предвидена свечена церемонија за отворање на новата инвестиција, при што Мицкоски ќе присуствува на сечење на лента и ќе ги разгледа новите производствени линии. Потоа е најавена и изјава за медиумите.

