Еве како да ја избегнете замката на прашањето за платата на разговор за работа
Разговорите за работа често вклучуваат незгодни прашања, а еден адвокат вели дека постои едно на кои кандидатите не би требало директо да одговорат. Адвокатот по кривично право Џереми Розентал предупредил дека поставувањето на прашања за очекувањата во врска со платата може сериозно да им наштети на кандидатите во текот на преговорите.
Розентал вели дека прашањето: „Какви се Вашите очекувања во врска со платата?“ е многу предвидиливо и дека работодавачите веќе имаат распон кои се подготвени да го понудат. „Ако одговорите на тоа прашање, преговарате против себе“, објаснува тој за LADbible. Додава дека некои кандидати ја намалиле својата потенцијална плата за дури 15,000 долари барајќи помалку од што компанијата била подготвена да понуди.
@briefingattorney The interview question you should NEVER answer… #interview #jobs #money ♬ original sound – Briefing Attorney
Како да одгговорите на прашање за платата?
Адвокатот ги советува кандидатите да не одбиваат да одговорат, туку да се обидат да го пренасочат разговорот. Како примери, ги навел одговорите како: „Тоа ќе зависи од тоа што ќе дознаам за оваа работа“ или дека тоа е тема за која прво морате да разговарате со вашето семејство.
„Со кој и да разговаате, ќе биде воодушевен од тој одговор бидејќи ќе знае дека не сте глупави и ќе ве цени поради тоа. Ова ја зголемува веројатноста дека ќе ја добиете работата“, заклучил Розентал.
Извор: BIZLife

