ЕкономијаСвет

Еве колку компаниите можат да заштедат со хуманоидните роботи

Производството на хуманоидни роботи во Соединетите Американски Држави би можело да достигне помеѓу 300.000 и 400.000 единици годишно до 2030 година, а околу 1,5 милиони до 2035, проценила инвестициската банка Џеј – Пи Морган (JP Morgan).

Тоа укажува на преминување на споменатата индустрија од демонстрациски проекти на комерцијална примена, пренел Ројтерс.

Ширењето на употребата на хуманоидни роботи го поттикнуваат недостигот од работна сила, подобрување на економиката на нивната примена и растот на производствените капацитети.

Најголем потенцијал за нивното воведување Џеј – Пи Морган гледа во производството, логистиката и скалдирањето, каде би можеле да ги преземат повторувачките задачи.

Според анализата на банката, ширењето на производството го ограничуваат достапноста на хардвери, податоци за обука на системите за вештачка интелигенција и компјутериските капацитети, како и можноста произведувачите да го зголемат обемот на производство.

Поголемиот дел од американските компании од овој сектор, освен Тесла, засега сметаат на годишно производство од 10.000 до 30.000 роботи.

Банката проценува дека трошоците за користење на хуманоидни роботи се приближуваат на трошоците на човечката работа и дека нивната примена во повеќе смени би можела да донесе заштеда од околу 100.000 долари (приближно 90.300 евра) годишно по корисник.

Сепак, како клучна препрека за понатамошен напредок се издвојуваат развојот на роботските дланки, актуатори, односно механизмите кои ги движат деловите на роботот, како и производните капацитети.

Извор: b92.net