СветСиндикат

Европа ја тресат бранови на штрајкови на лекарите: Плати, исцрпеност и заминување на кадрите главни проблеми

Од Велика Британија до Португалија, незадоволството меѓу медицинските работници расте поради преоптовареноста, инфлацијата и сѐ почестото заминување на лекарите во странство.

Лекарите ширум Европа сѐ почесто организираат штрајкови барајќи поголеми плати, подобри услови за работа и поголемо признание за одговорноста која ја носи нивната работа.

Лекарите на специјализација во Англија најавиле четиридневен штрајк во јуни, што ќе биде 16-тата рунда на прекин на работата во рамките на долготрајните преговори за платите.

Штрајкот же трае од 7 часот наутро на 15 јуни, до 6:59 на 19 јуни, по британско време.

Одлуката е донесена по состанокот со новиот британски министер за здравство, Џејмс Мари и претставниците на Британското медицинско здружение (BMA). Мареј на почетокот на мај на таа функција го наследил Вес Стритинг.

Новиот министер веќе порачал дека не е подготвен за дополнителни преговори за зголемување на платите, оценувајќи ги барањата на синдикатите како „нереални и финансиски неодржливи“.

Според податоците на британското Министерство за здравство и социјална заштита, почетната плата на лекарите на специјализација во Англија изнесува нешто повеќе од 40,000 фунти годишно, додека постарите специјализанти имаат основна заработка од околу 76,500 фунти.

На лекарите во претходните четири години платите им се зголемени вкупно за 33 %, со дополнително зголемување од 3,5 % оваа година. Исто така, можат значајно повеќе да заработат со прекувремената работа, ноќните и викенд смени.

Сепак, Британското медицинско здружение тврди дека реалните примања на лекарите и понатаму се пониски од 2008 година, кога ќе се пресмета инфлацијата, повикувајќи се на Индексот на малопродажни цени (RPI).

Претставникот на лекарите на специјализација во BMA, д-р Џек Влечер за BBC изјавил дека лекарите биле спремни на новиот министер да му дадат време да запознае со функцијата и да ги продолжи преговорите кои неговиот претходник ги оставил недовршени.

„Наместо тоа, повторно ги слушаме иститите неодредени пораки, без конкретни решенија за нови работни места и без дополнителни пари за плати. Не можеме со недели да преговараме со добра намера, за потоа да ни се каже дека за платата повеќе нема што да се преговара“, рекол Флечер.

BMA предупредува и дека многу млади лекари имаат големи студентски долгови, со раст на каматите кои дополнително го зголемуваат нивниот финансиски товар.

Покрај тоа, постои страв дека поради незадоволителните услови и платите, лекарите би можеле да заминат во земји како Австралија и Канада, што дополнително би го оптоварило Националниот здравствен систем (NHS).

Британската влада, меѓутоа, истакнува дека зголемувањата на платите на лекарите се меѓу најголемите во јавниот сектор во последните четири години и предупредува дека дополнителните издвојувања на средства би можеле негативно да влијаат на здравствените услуги и намалувањето на листата на чекање.

Владата, исто така, смета дека индекост RPI повеќе не е релевантен показател на инфлацијата и би требало да се користи индексот на потрошувачки цени (CPI), според кој падот на реалните плати е значајно помал.

Штрајкови на лекарите ширум Европа

Велика Британија не е единствената европска земја соочена со штрајкови на лекарите. Слични проблеми се присутни и во Германија, Шпанија и Португалија.

Во Германија, лекарите во универзитетките болници, кои ги застапува здружението Marburger Bund, моментално преговараат за нови колективни договори. Нивното главно барање е зголемување на платите од осум проценти во текот на наредните 12 месеци.

Бидејќи после втората рунда на преговори на крајот на мај не е постигнат напредок, би можеле наскоро да следат предупредувачки штрајкови доколку не биде постигнат договор. Тоа би можело да влијае на редовните прегледи, планираните операции и терапиите кои не се итни. Нови преговори се закажани за почетокот на јуни.

И во Шпанија се организираат повремени национални штрајкови на лекарите, а наредниот е планиран за од 15 до 19 јуни.

Поводот е предложената реформа на законот познат како Estatuto Marco, кој ги уредува условите за работа во здравството. Лекарите сега бараат пособен закон кој би се однесувал исклучиво на нивната професија, би ја ограничил работната недела на 35 часа и подобро би ги вреднувал стручноста и одговорноста.

Во Португалија, Националната федерација на лекари (FNAM) и други здравствени синдикати протестираат поради, како што наведуваат, континуираното нарушување на националниот здравствен систем.

Главниот проблем е во тоа што државниот здравствен систем не успева да ги привлече и задржи младите лекари поради ниските плати и слабите бенефити, што дополнително го зголемува оптоварувањето на преостанатиот медицински персонал.

Лекарите често се соочуваат со сериозен недостиг на кадар и прекумерен број на дополнителни смени, што може да го загрози квалитетот на здравствента заштита

Извор: M.A./EUpravo zato/euronews.com