Евростат: Речиси 32 милиони работни места во ЕУ зависат од побарувачката од трети земји
Во 2024 година, речиси 32 милиони работни места во Европската Унија беа поврзани со финалната побарувачка за стоки и услуги од трети земји, односно земји надвор од ЕУ, објави Евростат.
Според податоците од Европската статистичка служба, ова претставува 14,4 проценти од вкупниот број вработени во Унијата.
Во ЕУ, 31,6 милиони луѓе беа вработени благодарение на извозот на стоки и услуги наменети за финална потрошувачка или инвестиции надвор од блокот.

