ЕкономијаСвет

Фолксваген размислува за користење на кинески софтвер во европските автомобили

Германскиот производител на автомобили „Фолксваген“ ја разгледува можноста за примена на софтверот што моментално го користи во возилата наменети за кинескиот пазар во поголемиот дел од својата гама автомобили за масовниот пазар во Европа, објави германското списание „Менаџер“.

Според извештајот, системот „Кинеска електронска архитектура“, кој „Фолксваген“ го разви во соработка со кинескиот производител на електрични автомобили „Сјаопенг“, би можел да биде основа за идните модели на брендовите „Фолксваген“, „Шкода“ и „Купра“, објави „Ројтерс“.

Според извори цитирани од германското списание, предлогот би можел да вклучи околу три четвртини од моделите од новата генерација на овие три бренда, кои се обидуваат да ја прошират гамата на електрични возила на европскиот пазар.