ЗАДОВОЛНИ” услови за работа во полициската канцеларија Градско и полициската канцеларија Богомила во СВР Велес
Почитувани,
Ова подоле се фотографии од полициската канцеларија во Богомила, станица оставена на милост и немилост на времето кое изминува. Влагата што останува после секое врнење на дожд е катастрофална по здравјето и животот на полициските службеници кои работат таму. Со сознанијата со кои располагаме како Синдикат сеуште не им се обезбедени дрва за огрев а со тоа полициските службеници МРЗНАТ на своите работни места. Ова е се само не е ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА
Во полициската канцеларија Градско исто така сеуште нема обезбедено дрва за огрев иако температурите последните денови паѓаат и под нулата. Колегите оставени се сами, на себе ДА ПРЕЖИВУВААТ кој колку може. Ова малтретирање во службата мора да престане. Згора на тоа со секој дожд полициските службеници “со леѓени” се борат со, дождот кој капе на повеќе места од зградата а највеќе во дежурната служба. Доколку и понатаму се продолжи со игнорирање на овој проблем постои можност објектот да се самозапали поради негрижата на институциите во Министерството
Ве повикуваме да реагирате посебно началникот на СВР Велес кој и само потекнува од ова населено место да направи нешто со неговиот голем авторитет пред да си замине
За наведеното ќе биде запозната јавноста и сите надлежни институции во државата