Хаос во Лондон: Штрајк на возачите на метрото ќе го парализира сообраќајот во вторник и четврток
Сообраќајот во британската престолнина ќе биде сериозно нарушен во вторник и четврток поради два 24-часовни штрајка што ги организираат дел од возачите на лондонското метро, незадоволни од предложените измени на работното време.
Синдикатот РМТ соопшти дека штрајковите ќе се одржат бидејќи работодавачот, Транспорт за Лондон (TfL), не понудил доволно гаранции за, како што наведуваат, „длабоко вкоренетите загрижености на членовите“ поврзани со заморот на вработените, намалената флексибилност и должината на смените.
Од TfL изразија разочараност поради одлуката на синдикатот да продолжи со штрајкот, истакнувајќи дека веќе биле дадени уверувања во врска со новиот модел на работа.
Инаку, синдикатот минатиот месец ги откажа претходно најавените штрајкови со цел да се овозможат дополнителни разговори со раководството на TfL, но очигледно преговорите не довеле до договор меѓу двете страни.
Се очекува штрајковите значително да влијаат врз секојдневното патување на илјадници жители и посетители на Лондон.
Извор: Vijesti.ba / FENA

