H&M официјално отвора продавница во Ист гејт мол
Годинава во Ист гејт мол во Скопје познатиот шведски бренд H&M ќе има своја продавница, најави на својот инстаграм профил Арсим Папранику, првиот човек на новиот трговски центар. На него се гледа дека на просторот наменет за овој бренд стои натпис дека H&M ќе започне со работа во 2022 година.
Во 2022 година H&M ќе стартува на шест нови пазари: првите продавници ќе се отворат во Еквадор, Косово и Северна Македонија и преку франшиза во Костарика, Гватемала и Камбоџа. Воведувањето на H&M онлајн продолжува во 2022 година со Белорусија, Колумбија, Казахстан, Перу и Украина. Извршниот директор Хелена Хелмерсон рече дека групата „силно ја заврши годината, со продажбата повторно на исто ниво како пред пандемијата и со подобра профитабилност отколку што беше веќе неколку години“.
Шведскиот евтин моден бренд Hennes & Mauritz AB во петокот објави дека неговатането-продажба во локални валути се зголемила за 8% во четвртиот квартал од 2021 година на 56 милијарди круни (6 милијарди долари) назад на нивото пред пандемијата со целосна годишната нето-продажба зголемена за 6% до 199 милијарди круни (21 милијарди долари). Групацијата со седиште во Стокхолм соопшти дека нејзината бруто добивка за четвртиот квартал се зголемила за 14% на 31,3 милијарди круни (3,3 милијарди
долари), додека за целата година се зголемила на 105 милијарди круни (11 милијарди
долари), од 93,5 милијарди круни.
