HR тренд: Дали компаниите сами си создаваат недостиг на таленти?
Во трката кон AI, автоматизација и нови технологии, компаниите ризикуваат да занемарат една од најважните инвестиции за иднината талентите на почетокот од кариерата.
Според анализата објавена од HR Executive, организациите кои сакаат да бидат навистина „future-ready“ не можат да се потпрат само на технологија. Подготвеноста за иднината се гради преку три меѓусебно поврзани елементи: култура која прифаќа промени, работна сила со нови вештини и способност за ефективно користење на AI.
Зошто токму младите таленти?
Вработените на почетокот од кариерата имаат нешто што организациите не можат лесно да го купат со ново вработување – време за развој и адаптација.
Тие можат да помогнат во:
- Градење култура на промени: полесно ги прифаќаат новите начини на работа и учење.
- Развој на идните вештини: инвестицијата во нивниот развој со текот на времето создава силна интерна база на таленти.
- AI трансформација: често се поотворени кон нови дигитални алатки и технологии.
- Интерна мобилност: со правилна поддршка можат да се развиваат низ различни улоги и сектори во компанијата.
Проблемот: компаниите бараат „готов“ кадар
Една од најголемите противречности е што дел од компаниите го намалуваат вработувањето на junior кадар поради притисокот врз трошоците, автоматизацијата и желбата за кандидати кои веднаш можат да ја преземат работата.
Но, истовремено очекуваат да имаат квалификувана, адаптибилна и AI-подготвена работна сила во иднина. Токму тука се создава јазот. Ако компаниите престанат да го развиваат talent pipeline-от од најраните фази, ризикуваат подоцна да се соочат со недостиг на вештини, поскапо надворешно регрутирање и помала интерна мобилност.
Од „entry-level позиција“ до стратешка инвестиција
Компаниите кои размислуваат долгорочно треба да престанат да гледаат на junior талентите само како на почетна работна сила. Наместо тоа, тие треба да ги поврзат регрутирањето, развојот на вештини, AI едукацијата и можностите за напредување во единствена стратегија. Иднината на компанијата не се гради само со технологијата што ја купува денес, туку и со луѓето што ги развива денес.
Затоа, прашањето за HR лидерите повеќе не е: „Дали ни требаат junior вработени?“
Туку: „Кои способности сакаме да ги имаме за 3, 5 или 10 години и кого треба да започнеме да го развиваме уште денес?“
Извор: Kariera

