Светот на работникот

Најбарани занимања во Македонија за 2025 година: Каде најмногу се бара работна сила

Македонскиот пазар на труд во 2025 година јасно покажува кои се најбарани занимања. Според последните податоци на Агенцијата за вработување на Република Македонија, најголем недостиг од работници се бележи во услужните дејности, продажбата и административната работа. Овие трендови ја отсликуваат реалноста на македонскиот пазар – високата побарувачка за работници во секторите што ја движат секојдневната економија.

1. Оператор во кол – центар (389 слободни работни места)

Сѐ повеќе странски компании отвораат свои преставништва и служби за поддршка во Македонија, па оттаму се појавува се поголема потреба за оператори во кол – центри. Ова занимање е побарувано поради растот на услужните дејности и потребата од комуникација со клиенти на повеќе јазици. На многу млади луѓе, кол – центрите им се почетна точка во кариерата, преку која стекнуваат искуство во продажба, тимска работа и поддршка на клиенти.

2. Општ работник (371)

Општите работници најчесто се барани во градежништвото, складиштата и логистиката, а нивниот недостиг станува сѐ похроничен. Токму поради тоа, ова занимање е второ на листата на најбарани занимања.

3. Продавач (355)

Од мали продавнички до супермаркети. Без разлика дали се работи за пренхрабени производи, бела техника и сл., насекаде се бараат продавачи. За да можете да работите како продавач, треба да сте комуникативни и одговорни.

4. Административен службеник (298)

Занимањето е важно за секоја фирма и институција во јавниот и во приватниот сектор. Административен службеник е општ термин кој подразбира повеќе под-занимања. За да бидете конкурентни за ова занимање, потребно е да знаете да работите со компјутер.

5. Хигиеничар на станбен и деловен простор (278)

Со самото тоа што се зголемува бројот на станбени и деловни простори, се зголемува и потребата од хигиеничари. Поради огромната и постојана потреба од одржување на хигиената, ова занимање се смета за едно од постабилните.

Зошто токму овие занимања се најбарани?

Ако ги прашате газдите, нивниот одговор најверојатно ќе биде во насока на тоа дека особено младите луѓе ги избегнуваат овие занимања затоа што не сакаат да работат. Од друга страна, ако ги прашате младите и работниците, тие ќе ви кажат дека не сакаат да работат поради ниските плати.

Вистината, како и обично, е некаде на средина. Работодавачите се соочуваат со недостиг од работна сила во основните занимања, додека работниците се жалат на ниски плати, несигурни услови и недоволна можност за напредување. Сѐ почесто младите луѓе избираат да бараат работа во странство или во сектори кои нудат подобри примања и флексибилни услови, како што се ИТ или дигиталните услуги.

Чекај, стави двоен акцент на Флексибилноста

Во денешно време младите не сакаат само повисока плата, туку и флексибилност.

На пример, за вработените во Србија, бенефициите повеќе не се само додаток на платата – тие сè повеќе стануваат показател на доверба. Според резултатите од истражувањето, флексибилното работно време и можноста за работа од дома веќе втора година по ред ја сочинуваат највредната и најбараната бенефиција. Кога би се спровело истражување и во Македонија, претпоставката е дека резултатот би бил сличен. Работите наведени на најбарани занимања не го нудат тоа. Барем не сите, што и во пракса не ни е можно.

Барањето за поголема флексибилност особено дојде до израз во екот на ковид пандемијата, кога многу луѓе работеа на далечина и како што гледаме нема намера да попушти.

Затоа, работодавачите ќе мораат да бидат покреативни и да понудат бенфиции со кои ќе привлечат нови, а и ќе ги задржат постојаните работници.

Заклучок

Иако овие моментално се најбарани занимања на пазарот на труд во Македонија, трендовите се непредвидливи и постојано се менуваат. Експертите предупредуваат дека во наредните години се очекува зголемен раст и во секторите како информациските технологии и здравството. ИТ-индустријата во Македонија е меѓу најбрзо растечките и веќе значително придонесува во создавањето нови работни можности, додека здравствениот сектор се соочува со сè поголем недостиг на кадар.
Според глобалните прогнози, до 2030 година ќе недостигаат милиони здравствени работници, што е тренд кој се чувствува и на македонскиот пазар на труд.

Бобан М. Илијевски

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и главен и одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk.