Ќе нема струја седум часа – ЕВН најави неколку исклучувања
Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, неколку скопски населби денеска ќе соочат со привремен прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Од 8:00 до 15:00 часот, без струја ќе останат корисниците од улиците „Пелагонија“, „Брсјачка Буна“, „Демирхисарска“, како и на улица „Индира Ганди“ број 31 во општина Шуто Оризари.
Во текот на денот, поточно од 9:00 до 12:00 часот, прекин на струјата ќе има и во општина Сопиште, каде без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улица „4“ и дел од улица „8“ во селото Горно Соње.
Како што известуваат од Центарот за управување со кризи на Град Скопје, прекините се со цел реализација на технички интервенции во мрежата од страна на екипите на ЕВН.

