Кочовски: Со повлекување од битките работниците ја зголемуваат моќта на алчните работодавачи
Никогаш, ама баш никогаш работникот нема да го добие она кое што го заслужува ако самиот не сака да се избори за неговите права и интереси! Можам да разберам доколку некој не е финансиски моќен да започне правна постапка, но што е со оние кои што можат да си го дозволат тоа или оние на кои им е овозможено такво нешто, но сепак не сакаат? Со повлекување од битките работниците само ја зголемуваат моќта на алчните работодавачи и ги зголемуваат шансите тоа да им се повторува целиот живот. За ова нема оправдување, стои во фејсбук статусот на координаторот на трудовиот и правниот сектор на Левица, Бобан Кочовски.


