Кој може да заработи повеќе од 2.000 евра без факултет – ова се најплатените занимања
Додека со години се сметало дека факултетската диплома е клучот за добра заработка, пазарот на труд во последните години покажува поинаква слика. Поради недостигот од работна сила и голема побарувачка, поединечни занаети и технички занимања денес носат плати кои ги преминуваат примањата на многу високообразовани вработени.
Керамичарите веќе неколку години се меѓу најплатените занаетчии. Поради големата побарувачка и недостигот од квалификувани мајстори, искусните керамичари можат да заработат помеѓу 1.500 и 2.500 евра месечно, додека оние кои работат приватно или имаат сопствена работа често остваруваат и поголеми примања.
Посебно се барани мајсторите кои работат на адаптација на станови, тоалети и деловни простори, бидејќи квалитетен работник денес тешко се наоѓа и често има работа закажана со месеци однапред.
Слична е и ситуацијата со електричарите и водоинсталатерите. Квалитетните мајстори имаат полни распореди, а нивните месечни плати во главно се движат од 1.200 до 2.000 евра. Оние кои работат приватно и имаат голем број на клиенти можат да заработат и значајно повеќе.
За добра плата не секогаш е потребна диплома: искуството и вештините стануваат најважни
Меѓу најплатените занимања без факултет се наоѓаат и професионалните возачи на камиони. Возачите со C и Е категорија, особено оние кои работат во меѓународен транспорт, често имаат плати од 2.000 до 3.000 евра месечно. Заработката зависи од релацијата, бројот на денови поминати на пат и компанијата за која работат.
Се’ по побарувани се и CNC операторите и програмерите на машини. Развојот на индустријата и производството довел до голема побарувачка за работници кои знаат да управуваат со современи машини. Почетните плати се движат околу 1.000 евра, додека искусните работници можат да заработат од 1.500 до 2.000 евра, особено во компаниите кои работат за странски пазар.
Квалификуваните заварувачи, исто така, спаѓаат меѓу најбараните работници. Во Србија нивните плати можат да достигнат од 1.500 до 2.500 евра, додека примањата во странство често се и поголеми.
Со се’ поголемиот број на клима уреди во домаќинствата расте и побарувачката за монтeри и сервисери. Во текот на летната сезона, кога се големите жештини, искусните мајстори можат да остварат многу добри приходи, особено ако работат самостојно.
Добро можат да заработат и фризерите, автомеханичарите и другите услужни работници кои имаат изградена база на клиенти. Успешните фризери со постојани клиенти, како и автомеханичарите кои работат приватно, често остваруваат месечни примања од 1.500 до 2.500 евра.
Занимањето кое во последните години станало многу популарно е диспечер во меѓународен транспорт. За оваа работа во главно не е потребна фаултетска диплома, но важно е да се знае англиски јазик, работа на компјутер и добри организациски способности. Платите се движат од околу 1.200 до 2.500 евра, во зависност од искуството и обемот на работа.
Експертите оценуваат дека главната причина за големата заработка во овие области е недостигот на работници. Голем број на занаетчии и стручни работници заминале во странство, додека младите генерации се’ поретко се одлучуваат за занаети.
Мајсторите, возачите и техничарите се’ по побарувани: Платите преминуваат и 2.000 евра
Истовремено, градежните работи, индустријата и транспортот одразуваат голема побарувачка, па работодавачите мораат да нудат подобри услови за да привлечат и задржат работници.
Кај овие занимања дипломата често не е пресудна. Многу поважни се искуството, квалитетот на работата, доверливоста и препораките од задоволните клиенти.
Најплатени занимања без факултет денес се:
- Возач на камион во меѓународен транспорт – 2.000 до 3.000 евра;
- Керамичар – 1.500 до 2.500 евра;
- Заварувач – 1.500 до 2.500 евра;
- Диспечер во транспорт – 1.200 до 2.500 евра;
- Електричар – 1.200 до 2.000 евра;
- Водоинсталатер – 1.200 до 2.000 евра;
- CNC оператор – 1.000 до 2.000 евра;
- Фризер со постојани клиенти – 1.500 до 2.000 евра;
- Автомеханичар – 1.500 до 2.500 евра.
Пазарот на труд се менува, а се’ појасно станува дека големите заработки повеќе не се резервирани само за оние со факултетска диплома. Во многу случаи, добриот занает, искуството и квалитетнтата работа можат да донесат поголем приход од просечната плата.
Извор: BIzportal.rs

