Колку изнесува просечната плата во Србија?
Се зголемуваат платите во Србија. Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека просечната плата во земјата во декември изнесувала 1.057 евра, објавија српските медиуми.
Вучиќ изјави дека на Србија ѝ недостасуваат занаетчии и работници во производствениот сектор.
Сакам да ве информирам дека просечната плата во Србија во декември била 1.057 евра и дека со ова е постигнато нешто што никој досега не го постигнал во историјата, дека платите на српските граѓани се над 1.000 евра, значително над 1.000 евра, рече Вучиќ.
Тој додаде дека Белград, Нови Сад и Бор имаат највисоки плати.

