Користите ВИ на работа? Истражување открива три потполно различни типови на вработени
Вештачката интелигенција се’ почесто ги извршува задачите кои некогаш биле прв чекор во кариерата, од преглед на документацијата и анализи на податоците до составување на извештаи и деловни препораки.
Новото истражување покажува дека способноста за користење на ВИ алатки сама по себе не е доволна. Пресудно е како вработените го насочуваат системот, ги проверуваат неговите одговори и го користат сопственото знаење за да го унапредат резултатот.
Што се случува кога ВИ и вработените ќе добијат иста задача?
KPMG и Универзитетот Тексас во Остин спровеле истражување помеѓу 523 вработени во САД кои во одредена компанија работеле 18 месеци.
Учесниците решавале задачи базирани на реални деловни ситуации, користејќи ВИ агент развиен за одредена област. Требало да се анализираат информации, да се примени професионално расудување и да се подготват препораки.
Истражувачите најпрво го пуштиле ВИ самостојно да ја изврши задачата, а потоа резултатите на вработените ги споредиле со тој почетен стандард. Набљудуван е не само квалитетот на завршениот документ, туку и начинот на кој учесниците разговарале со ВИ системот и ги проверувале неговите одговори.
Три типа на вработени во работа со ВИ
Резултатите покажале три јасни групи.
Околу 24 % од учесниците се сместени во групата ВИ чираци. Нивните резултати биле полоши од оние кои ВИ ги постигнал самостојно.
ВИ делегаторите сочинувале речиси 26 % од испитаниците. Тие добивале резултати слични на ВИ стандардот, но не внесувале значајна додатна вредност.
Најголема група биле ВИ засилувачите. 50,1 % од нив успеале да ги надминат резултатите кои системот ги остварил работејќи самостојно.
Изненадување било тоа што доменското знаење, критичкото размислување и ВИ писменоста не покажале со сигурност кој во која група ќе припадне. Разлика правел начинот на кој вработените способностите ги користеле во текот на работата.
Знаењето постои, но не се претвора во резултат
ВИ чираците не биле нужно вработени со најслабо знаење. Напротив, по поедичени критериуми биле многу слични со најуспешната група.
Проблемот бил во примената.
Често ги критикувале одговорите на вештачката интелигенција, но нивните интервенции не го поправале резултатот. Се бавеме со помалку важни детали, барале преформулирање на содржината или го насочувале системот кон прашања кои не биле клучни за задачата.
ВИ делегаторите имале поинаков пристап. Тие на системот му ги давале материјалите, му објаснувале каков резултат сакаат и потоа во главно го прифаќале она што ќе го добијат.
Бидејќи современите модели веќе можат да направат солиден извештај, таквите вработени на прв поглед делуваат продуктивно. Сепак, нивниот сопствен придонес често останува многу ограничен.
Најдобриот ВИ не го користат како автомат за одговори
ВИ зајакнувачите се разликувале по тоа што управувале со целиот процес.
Јасно го дефинирале проблемот, давале прецизни упатства и поставувале критериуми според кои одговорот ќе биде проценет. Не ги прифаќале автоматски предлозите на системот, туку барале ВИ да ги објасни заклучоците, да ги провери претпоставките, да понуди други толкувања и да укаже на доказите кои недостасуваат.
ВИ го користеле како партнер за проверка на сопственото размислување, а не како замена за него.
Токму таа способност им овозможила да произведат резултат подобар од оној кој системот би го направил самостојно.
Компаниите мораат да ги менуваат обуките и начинот на оценување
Наодите од истражувањето укажуваат дека еднократните кусеви за пишување на добри прашања повеќе не се доволни.
Обуката треба да биде поврзана со реални задачи. Вработените би требало да вежбаат како се разложува проблемот, како ВИ постепено се насочува, на кој начин се проверува доверливоста на одговорите и како добиените информации се претвораат во деловна одлука.
Промена е потребна и во оценувањето на учинокот. Кога ВИ може самостојно да подготви квалитетен документ, конечниот резултат повеќе нема да биде доволен показател за способноста на вработениот.
Менаџерите би требало да го набљудуваат и процесот. Дали вработениот ги проверлил фактите? Дали ги препознал погрешните претпоставки? Зошто некои предлог го прифатил, а некој го отфрлил?
Човечката вредност се поместува кон процена и одлучување
Како што ВИ системите ќе стануваат поспособни, од вработените се’ помалку ќе се очекува самостојно да го прават секој нацрт или анализа.
Нивниот придонес се’ повеќе ќе се мери преку способноста да го постават вистинското прашање, да го насочат процесот, да ги проверат резултатите и да ги поврзат информациите со конкретна деловна одлука.
Компаниите кои ќе го препознаат тоа нема вработените само да ги учат да ја користат новата технологија. Ќе мораат да го променат и начинот на кој ги организираат почетните позиции, ги развиваат талентите и го мерат вистинскиот придонес на луѓето.
Извор: BIZLife.rs

