Котираните компании управувани од жени директори или претседатели на УО, лани, почесто оствариле добивка, во споредба со котираните компании управувани од мажи
Во функција на зајакнување на општествената свест за постигнување на поголема родова рамноправност, Македонска берза и оваа година објавува ажурирана анализа за структурата на органите на управување кај котираните акционерски друштва:
Број на котирани компании и број на членови во органи на управување на котираните компании

Структурно учество на мажи и жени во органи на управување на котираните акционерски друштва
Од вкупно 543 членови во органите на управување на котираните акционерски друштва, само 26,7% се жени.

Структура на учество на мажи и жени како извршни директори или претседатели на управни одбори на котираните акционерски друштва
Од сите извршни директори или претседатели на управни одбори на котираните компании, само 16,2% се жени.

Структурно учество на мажи и жени во органи на управување на котираните акционерски друштва кои го сочинуваат индексот МБИ10
Во МБИ10 компаниите, 29,0% од членовите на органите на управување се жени, а само една компанија е управувана од жена извршен директор или претседател на управен одбор.

Учество на мажи и жени во органи на управување според дејност
Следниот графикон го покажува соодносот на мажи и жени во органите на управување на котираните компании, поделени по дејност. Разликата е најизразена во дејностите осигурување, угостителство и фармација.

Топ 5 дејности со најголем број на жени извршни директори или претседатели на управните одбори на котираните компании
Најголем број на жени извршни директори или претседатели на управните одбори кај котираните компании има во дејностите банкарство, трговија, земјоделство, услуги и индустрија.

Релативно учество на компании кои оствариле добивка во вкупниот број компании управувани од жени/мажи
Котираните компании управувани од жени директори или претседатели на управен одбор, во 2025 година, почесто оствариле добивка, во споредба со котираните компании управувани од мажи.
Од вкупниот број на котирани компании управувани од жени (16 акционерски друштва), 81,3% имаат остварено добивка.
Од вкупниот број на котирани компании управувани од мажи (68 акционерски друштва), 76,5% имаат остварено добивка.

% АД со жени директори или претседатели на УО кои оствариле добивка или загуба (2020 – 2025)

Релативно учество на мажи и жени во органите на управување на котираните компании кои оствариле добивка или загуба во 2025 година


