МакедонијаСиндикат

КСС: Како синдикат цврсто стоиме на ставот на Европската кондерација на синдикати – насилството во домот е синдикално прашање

Фејсбук статус на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија (КСС):

👩‍💼По повод Меѓународниот ден на жената, ние како синдикат уште еднаш ја потврдуваме нашата посветеност кон заштитата на достоинството и безбедноста на секоја работничка, секоја жена, секоја мајка.

🤝 Истанбулската конвенција е најзначајниот меѓународен правно обврзувачки документ за спречување и борба против родово базираното и семејното насилство. Темелена на четири столба – превенција, заштита на жртвите, гонење на сторителите и координирани политики – таа нуди сеопфатна рамка за системска заштита. Македонија ја ратификуваше во 2017 година, започна со примена во 2018 година, но во 2025 година Државниот завод за ревизија и мониторинг извештаите покажуваат дека имплементацијата сè уште не е на потребното ниво, само 43% од предвидените активности за спроведување на Истанбулската конвенција се реализирани.

💼Како синдикат, цврсто стоиме на ставот на Европската конфедерација на синдикати (ETUC) и водечките европски синдикати: насилството во домот е синдикално прашање, бидејќи работното место често е единствениот излез за жената и место каде таа може да добие поддршка.

Ние синдикатите имаме конкретна улога: да создаваме безбедни работни средини каде жените слободно можат да побараат помош, да ги едуцираме членовите, да бидеме мост до правната помош. Но, ние сме тука и да бараме одговорност за подобри политики.

Апелираме до институциите: Истанбулската конвенција не смее да остане само уште еден ратификуван документ на хартија. Потребна е целосна координација, а не префрлање на одговорноста од една на друга институција додека се губат животи.

Солидарноста е нашата најголема моќ. Заедно мораме да изградиме општество каде безбедноста е загарантирано право.

Секој живот е важен. Секоја жена заслужува заштита. 👩‍🦰💪