LinkedIn пополека станува мрежа за пронаоѓање на романтични партнери? Деловната платформа спонатно добила нова функција „Во најмала рака барем знам дека човекот има работа“
Самуела Џон никогаш немала намера да го користи LinkedIn за „дејтинг“, но и на „деловната социјална мрежа“, како што вели, не може да се одбрани од додворувачите.
Тројца различни мажи од почетокот на 2023 година, ѝ испратиле приватни пораки на оваа мрежа, но со оглед на тоа дека се работи за платформа која е фокусирана на бизнис и кариера, не очекувала дека тие ќе бидат поинакави од вообичаените.
Го сокриваа тоа, во стилот: “Имам компанија и барам некој да ја пополни оваа позиција“, рекла Џон, 24-годишна лична организаторка од Њујорк.
–
Иако секој од мажите веродостојно негирал дека имаат заеднички следбеници, таа рекла дека веднаш ѝ станало јасно дека нивните мотиви не се стриктно професионални – еден од нив работел во нафтена индустрија, сектор со кој немала воопшто врска.
Секогаш барам некој кој има стабилна кариера и кој е по можност добростоечки, рекла таа. Не велам дека барам „шеќерни татковци“, туку некој кој може да се грижи за себе.
На LInkedIn, заклучила, би можела добро да процени дали историјата на вработувања, образование и аспирациите на личноста се совпаѓаат со видот на партнер каков што таа замислила за себе. Во најмала рака, вели, знае дали човекот има работа.
Додека другите двајца не успеале да го привлечат нејзниното внимание, Џон почувствувала хемија со човекот од нафтената индустрија и одлучила да види на каде ќе се движат работите. Еден разговор водел кон друг се‘ додека двајцата не поминале месец дена флертувајќи преку телефонски повици и пораки. Во текот на таа фаза од врската, Џон поставила прашање на ТикТок: „Зошто LinkedIn е добра апликација за запознавање?“
Тешко е да се процени колку од 1 милијарда членови кои го користат LInkedin ја користат ова веб страна за да најдат љубов. Компанијата не прибавува ниту објавува податоци по тоа прашање, а нејзината страница за политики за користење забранува користење на платформата за романтични намени, нагласувајќи: „LinkedIn е професионална платформа за вмержување, а не веб страна за запознавање.“ Но мноштво од постовите и статиите сугерираат дека многу од корисниците веб страната ја користеле за љубов. А како што користењето на LinkedIn порснало за време на работата на далечина, користењето на платформата за пронаоѓање на партнери станало попопуларно. Но тоа го остава прашањето: дали е добра идејата да се мешаат работа и љубов?
Барате љубов на LinkedIn
Дастин Кид, професор по социологија на Универзитетот Темпл кој ги истражува социјалните мрежи и поп културата, рекол дека запознавањето преку LinkedIn ѝ припаѓа на друга традиција – „хакови за состаноци“ – преку користење на онлајн алатките дизајнирани за други цели, во овој случај љубов.
Во главно, ова се случи со Friendster, а потоа и со Myspace, рекол Кид, но од тогаш се проширил на безброј платформи кои се наводно без романса. Дури и веб страните за следење на фитнес како што е Strava се поштена игра. Заедничка карактеристика на сите страни на социјалните медиуми преземени од љубовта е ДМ (директната размена на пораки).
Дизјнот на LinkedIn помага да се задржи фокусот на професионалците, но секоја платформа со опцијата за директна размена на пораки најверојатно ќе се користи и за секс и за забавување, рекол тој.
Леснотијата и релативната приватност на директната размена на пораки помагаат да се објасни како некои луѓе го користат LinkedIn за романса, но не објаснува зошто. Во ера со толку наменски платформи за дејтинг – од гигантите како што се Tinder, Bumble и Hinge до помалите апликации вклучувајќи ги Feeld (за неконвенционални), Pure (за без сериозни намери) и NUiT (за склоните кон астрологија) – зошто да се мешаат купидовите стрели со корпоративните ажурирања?
Еден од одговорите може да биде се поголемиот број на Американци кои се уморни од искуствата како рулетите кои доаѓаат со модерните апликации за запознавање. Во истражувањето на Pev од 2023 година меѓу возрасните во САД, речиси една третина од испитаниците рекле дека барем еднаш користеле веб страна или апликација за запознавање на мрежите. Повеќе од половина од жените кои користеле апликации изјавиле дека се чувствуваат преплавено со бројот на пораки кои ги примиле минатата година, додека 64 % од мажите рекле дека се чувствуваат несигурно поради пораките кои не ги добиле. Иако огромно мнозинство од мажите и жените изјавиле дека се чувствувале возбудени поради луѓето со кои биле поврзани, уште поголем е проценетот на испитаници кои рекле дека понекогаш или често биле разочарани.
На мрежата, не е секогаш лесно да се знае дали човекот зад привлечниот профил е тоа што вели дека е. Дури и релативно безопасните виртуелни измами – како што се застарените или ултра ласкачките фотографии од нив самите кои погрешно ги преставуваат како лично изгледаат или измислените факти за нивните интереси и достигнувања – можат да бидат обесхрабрувачки. Потоа, тоа се луѓе кои измислуваат или го крадат целиот свој профил, пракса позната како „catfishing“. Сите овие измами многу луѓе ги довеле до замор од апликациите за состаноци додека бараат начини да ја повратат контролата над својата романтична судбина.
Привлечност на LinkedIn како страна за запознавање, според луѓето кои го користат на тој начин, е способноста на платформата да врати дел од таа контрола. Поради тоа што страната за професионално вмержување бара од корисникот да се поврзе со профилите на своите сегашни и идни работодавачи, тој нуди дополнителен слој на кредибилитет кој им недостига на другите социјални мрежи. Многу профили, исто така, вклучуваат референци во прво лице од поранешните колеги и менаџери – вистински личности со вистински профили.
Некои корисници оваа идеја ја довеле до крајност. Минатото лето, британската иселеничка во Сингапур, Кендис Галагер, предизвикала бура на интерент откако објавила ТикТок видео во кое рекла дека LinkedIn има „А класа филтери“ за пронаоѓање на „А класа мажи“ – доктори, адвокати… Во постот набројала разни филтери кои можете да ги користите за да го пронајдете идеалниот партнер.
Дури и за оние кои се двоумат да го користат LinkedIn за љубовни потреби, страната станала алатка за проверка на романтичните кандидати кои се наоѓаат низ конвенционалните апликации за романтични состаноци.
Социјалните мрежи се само една голема апликација за состаноци, рекла Џон. Било кој вид на социјален медиум на кој можете да видите слики од луѓето може да се претвори во апликација за запознавање. А LinkedIn е уште подобар бидејќи не ги прикажува само лажните животи на луѓето.
Извор: Бизнис Инсајдер/Blic.rs

