ЕкономијаСвет

Луфтханза летово ќе укине 20.000 летови на кратки релации за да заштеди на гориво

Германскиот авиопревозник Луфтханза летово ќе укине околу 20.000 летови на кратки релации, со цел да ги намали трошоците поради наглиот раст на цените на авионското гориво.

Поголемиот дел од европските авиокомпании се соочуваат со растечки трошоци поради прекините во снабдувањето со нафта од Блискиот Исток. Ова веќе се одразува и врз патниците, бидејќи цените на авионските билети почнуваат значително да растат.

И покрај ован, од Луфтханза уверуваат дека патниците и понатаму ќе имаат пристап до глобалната мрежа.