МакедонијаСветот на работникот

Мајчинството да се признае како вработување? – „Мајките имаат една од најзачајните кариери во општеството“

На почетокот на месецот во медиумите излезе напис дека Русија планира да го признае мајчинството како вработување на полно работно време.

Нашата редакција побара став од Катерина Златановска – Попова, советник за развој на кариера и тренер за меки вештини во однос на тоа колку би било можно слично решение да се воведе и кај нас.

Златановска – Попова посочи дека третирањето на мајчинството како вработување е за поздрав.

„Дури би рекла дека мајчинството е работа 24/7 и не постои сума на пари која некој би можел да ја измери или да ја процени“, вели таа.

Мајчинството треба посебно да се цени, рече нашата соговорничка, додавајќи дека Италијанците одамна имаат воведено законско решение кое на мајките кои одлучуваат да останат дома и да се грижат за семејството, го имаат признаено како формат, па мајките добиваат пензиско осигурување и стаж, кој им помага да си обезбедат пензија.

„Ако една жена се одлучи да се посвети на одгледување на децата и грижа за домот, не значи дека нема кариера. Всушност, тоа е една од клучните кариери кои ќе ни требаат како луѓе во иднината, покрај сите оние други професии за кои зборуваме. Мислам дека мајчинството е професијата на иднината“, истакна Златановска – Попова.

Инаку, повеќе земји од Западна и Северна Европа имаат воведено бенефити за мајките, било да се однесува на породилното отсуство или чувањето деца на полно време.

Бобан М. Илијевски

Бобан Илијевски е новинар специјализиран за работни односи, човечки ресурси и кариера. Тој е ко-основач и Главен и Одговорен уредник на www.rabotnik.com.mk